Битка против генетски модифицираната храна: Ќе го затруе ли и европскиот пазар?

Точка

03/10/2015

12:11

2.186

Големина на фонт

а а а

Шест месеци откако ЕУ дозволи земјите членки сами да одлучат дали ќе произведуваат ГМО житарици, повеќе од половина од земјите најавија забрана на нивното одгледување. Каков исход следува?

Повеќе од пола од земјите членки на Европската унија, до рокот кој истекува денес (03.10), ја известија Европската комисија дека ќе забранат одгледување на генетски модификувани билки. Забраната не се однесува само на житариците третирани со пестициди од произведувачот Монсанто, мометално единствената житарица која смее да се одгледува во Европа, туку на вкупно седум генетски модифицирани култури на пченка за кои се чека одобрение од Комисијата.


После препирките на почетокот на годината, 28-те држави на Европската унија се договорија секоја членка самостојно да донесе одлука во врска со одгледувањето на ГМО културите. Некои правници тврдат дека забраната за одгледување на ГМО житариците ви можела да заврши како осуда, и покрај тоа што членките бараат нивна забрана. Истовремено, активистите кои се борат против генетски модифицираната храна сметаат дека новата легислатива би можела да доведе до наплив на ваквите растенија во Европа, која сé уште се труди да даде отпор на тоа.


Заедницата е поделена

Со оглед на тоа дека Европската унија има единствен пазар, одлуките во врска со одгледувањето на ГМО културите се донесуваат во Брисел. Одредени земји, како на пример Велика Британија и Шпанија, бараат од ЕУ да го одобри одгледувањето на овие житарици, за да можат да почнат со производство. Но, земјите кои се против тоа, како Франција, Австрија и Германија, се доволно влијателни да ја спречат одлуката за одобрување на одгледување на ГМО храна.

Европската комисија се обиде да најде излез од ќор-сокакот, повикувајќи се на исклучок од правилото за обединетиот пазар на унијата. Европската унија ќе го одобри одгледувањето на ГМО житарици, а земјите посебно ќе можат да ги забранат. После преговори кои траеја цела година меѓу земјите членки, новото законодавство за одгледување на генетски модификувани житарици заживеа во април годинава.


Сепак, пред истекувањето на рокот за донесување одлука, 15 членки и неколку административни региони потврдија дека планираат со закон да го забранат одгледувањето.

„Земјите членки имаат право да ја забранат оваа култура“, рекла Франциска Ахтерберг, директорка за прехрамбено законодавство на ЕУ при организацијата Гринпис.

„Членките на унијата ќе мораат да ги оправдаат мерките за забрана, за да покажат дека се работи за грижа за општото добро и дека таа одлука е во согласност со правилата на домашните пазари“, рекла комесарката Маргарет Вестајер.