Како да нарачате пржени компирчиња во 12 земји во светот?

Точка

18/09/2015

10:49

9513

Големина на фонт

а а а

Pommes frites се парчиња од компири пржени во масло. И иако компирот е здрава намирница богата со витамини од групата Б, кога ќе се "нурне" во жешко масло тој инстантно се претвора во калорична бомба на која што тешко кој може да ѝ одолее.

Овој "вкусен грев" потекнува од Белгија (frites) но во различни делови на светот изгледа и се служи на сосема различни начини.

Компирите се сецкале на парчиња и се пржеле во маснотии уште кон крајот на 17-тиот век на подрачјето на денешна Белгија. Некои пишани извори упатуваат кон тоа дека првиот frites бил подготвен во тавче со малку маснотии, бидејќи големи квантитети од маснотии ретко кој можел да си ги дозволи во тоа време.


Денес во Белгија под овој термин ќе добиете двојно пржени парчиња од дебели кришки од компири, послужени со мајонез.

Оригиналниот белгиски рецепт под влијанието на Французите се проширил и во поголемиот дел од светот, прилагодувајќи се кон локалните обичаи и намирници.

Францускиот pommes frites подразбира пржење на тенки и долги парчиња од компири, и нивно послужување со главното јадење како стек или морски плодови.


Ако сте во Велика Британија и сакате да јадете пржени компирчиња, тогаш нарачајте chips, кој што најчесто се послужува со пржени парчиња риба и како такво прераснува во национално јадење, односно fish n’ chips.


Во Канада пак се служи poutine, односно парчиња пржен компир прелиен со кафеав сос и парчиња сирење.

Во Јужноафриканската Република пак се јаде slap chips, односно двојно печени тенки парчиња од компири кои што пред и после печењето се натопуваат во оцет.


Во компирчињата уживаат и Индијците кои што ги печат со куркума и чили, а во Јужна Кореја пак се послужуваат со путер и мед.


Шпанија пак е горда на своите patatos bravas, односно пржени коцкички од компир кои што се послужуваат со сос од домати и мајонез.

Русите пак го обожуваат kartofel’fri, односно стапчиња од компир подготвени со кромид, а Холанѓаните пак го обожуваат kapsalon – помфрит прелиен со месо, запечен со гауда сирење во комбинација со свеж сезонски зеленчук.


На американскиот континент компирчињата (french fries) станаа фаст фуд класика која што вообичаено се служи со бургерите, но во некои од делови од Калифорнија е сè повеќе популарен е помфритот со топено сирење, пржен лук и сос.

Дури и јапонските љубители на здрава храна не можат да им одолеат на вкусните пржени компирчиња. На менијата во јапонските ресторани може да се најде furaido poteto, односно компири послужени со фурикакао – сос од лук, морска трева, семиња и други зачини.


Спонозорирани линкови

Маркетинг