Сладолед од канабис – специјалитет на хрватското приморје: Еве и како се прави!

Точка

08/08/2015

13:30

13.384

Големина на фонт

а а а

Една слаткарница во Пула како специјалитет за оваа летна сезона претстави сладолед со вкус на канабис. Оние кои што го пробале – се одлично расположени (но не и поради она на кое што првично и веројатно помисливте).

- После сладоледот од канабис, постојано се смеам. Навистина е добар. Вкусот е необичен, се чувствуваат дури и некои јаткасти плодови, но тоа годи. Со сигурност ќе дојдам за да уживам во неговиот вкус повторно, под услов тоа да го поправи и моето расположение. На туристите секогаш им е потребно нешто поинакво, ново и добро, изјавила Ингрид Фацкович (42), Русинка која што се одмора во Пула.

Овој необичен сладолед се продава заедно со уште 20-тина различни видови, но туристите сепак најпрво се одлучуваат за неговиот вкус.


- Најпрво им е необично кога ќе го прочитаат натписот од што е сладоледот, и кога ќе го видат знакот, но откако ќе им објаснам дека во него нема THC, и дека е изработен од 70 отсто брашно од канабис, веднаш се согласуваат да го пробаат. Набрзо се враќаат и по нова доза. Ништо невообичаено не гледам во тоа, единствено што забележувам е дека гостите се малку повеќе насмеани после конзумацијата на сладоледот, изјавила сопственичката на слаткарницата, каде овој вкус се прави еднаш дневно, а како што велат тие, се продава "како луд".

Па, ако веќе имате можност да се најдете во тие краишта – зошто да не го пробате?


Спонозорирани линкови

Маркетинг