Основниот суд Скопје 1 ја објави третата и највисока затворска казна за протестите што се случија на 5-ти мај пред Влада кога се судрија демонстрантите и полицијата.
Бошко Јосимовски со прекар ’Црвениот’ е осуден на две години и четири месеци затвор, додека другиот учесник во протестите кој бил приведен додека пушел цигара пред Владата е условно осуден на седум месеци затвор, доколку во рок од две години не стори ново кривично дело.
Судот му го укина притворот на "Црвениот" и му одреди мерки за претпазливост.
Овие двајца демонстранти не ја признаа вината и пред судот рекоа дека не се чувствуваат виновни.
Јосимовски во својата одбрана рече дека бил изреволтиран кога видел како полицаец удира девојка со пендрекот пред Влада. Мавал кон полицискиот штит, но не со метална прачка, ниту со бехатон плочка.
Тој реагираше дека многумина кои мавале кон полицајците и се гледале на снимките не биле приведени и нема да одговараат за кривичното дело.
Поголем дел од демонстрантите кои беа приведени по протестите ја признаа вината и беа осудени на условни казни, освен Јосимовски, вујкото на Мартин Нешковски кој беше осуден на десет месеци затвор, и уште еден демонстрант кој беше осуден на една година затвор но, е недостапен за органите на прогонот.
Протестите на 5-ти мај пред Владата беа организирани по објавувањето на прислушувани наводни разговори на владини функционери во врска со случајот на полициското убиство на Мартин Нешковски кое се случи ноќта меѓу 5-ти и 6-ти јуни 2011-тата година, додека власта ја славеше изборната победа.