Луксузни закуски: Топ 5 најскапи намирници на светот

Точка

08/06/2015

13:07

8.215

Големина на фонт

а а а

Овие намирници главно не се јадат секој ден, дури може да се каже и дека се јадат исклучително ретко или пак никогаш. Фини се и вкусни, но чинат вистинско мало богатство. Но, тоа не е причина за одблиску да не се запознаете со најскапата храна на светот.

Јастог


Јастозите му припаѓаат на семејството на морски плодови, кои секоја година на американската економија ѝ донесуваат околу две милијарди евра. Јастогот најчесто се подготвува така што жив се става во зовриена вода. Месото е вкусно и фино, а во нашите ресторани за килограм ќе треба да издвоите најмалку 5.000 денари. Сепак, обожавателите велат дека вкусот го оправдува секој денар...

Фугу


Ова е смртоносна јапонска риба, чие месо ако не е добро подготвено може да ве доведе и до смрт. Самиот процес на подготовка е исклучително скап, бидејќи фугу рибата може да ја подготвуваат исклучиво само кувари со посебна дозвола, кои минуваат низ ригорозна обука и контрола.

Шафран


Ова е најскапиот зачин на светот – цената за килограм преминува и 160.000 денари. Но, тоа воопшто не е чудно со оглед на фактот дека за килограм треба да се соберат од 150 до 200 илјади цветови! Цветовите се со исклучително жолта боја и зачинот има поприлично горчелив вкус, но кога еднаш ќе го обои оризот...

Говедско месо од Кобе


Вистинското говедско месо од Кобе се произведува од посебниот вид на вагју говеда кои потекнуваат од Јапонија. Начинот на одгледување на овие говеда и ден денес останува тајна, но според некои тврдења, тие се хранат со свежо сено потопено во пиво, што на месото му дава посебен вкус. Освен тоа, овие говеда се одгледуваат покрај музиката на Сајмон и Гарфанкел. Легендата пак вели дека сточарите од Кобе ги масираат своите говеда вагју и ги хранат со пиво за омекнување на мускулните влакна. Килограм вакво месо често преоѓа и цена од 300 долари.

Белуга кавијар


Ова е најскапата намирница на светот, чија цена преминува и 5.000 долари по килограм. Всушност кавијарот отсекогаш претставувал синоним за луксуз, а зборот "khav-yar" во буквална смисла значи моќ на колачот. Кавијарот е всушност желе од машка риба, за разлика од икрите, кои ги претставуваат женските јајца и главно се служи на мало парче тостиран леб, бидејќи би било вистински грев да се "расипува" тој божествен вкус со било што друго. Белуга кавијар е најголемиот, а колку што зрнцата се поголеми, повеќе изедначени, поцврсти и посветли, толку повеќе кавијарот е баран и повкусен.


Спонозорирани линкови

Маркетинг