За подолг живот: Одберете пиво наместо кафе

Точка

25/12/2013

10:00

2.171

Големина на фонт

а а а

Најновите истражувања покажуваат дека на гените подобро влијае кригла пиво отколку шолја кафе.

Следен пат кога ќе седнете во кафуле и ќе треба да порачате пијачка, добро размислете, бидејќи според најновите истражувања на американските научници, пијалаците можат во голема мера да влијаат врз вашите гени.

Резултатите од ова истражување покажуваат дека пивото може да има позитивен ефект врз ДНК структурата, а кафето пак негативен. Како што се увидело, консумирањето на кофеин ги скратува теломерите кои се еден вид на заштитници на ДНК клетките.

Сепак, научниците тврдат дека е уште рано за да се донесат дефинитивни заклучоци, бидејќи тие студијата ја спровеле врз клетки од мувла. Велат дека е потребно да се продолжи со дополнителни истражувања за да се донесе конкретен заклучок дали пивото и кофеинот имаат ист ефект врз човековите клетки.


Претходните истражувања докажале дека кафето и пивото, кога се консумираат умерено, одлично делуваат врз здравјето на луѓето.

Инаку, пивото, иако е многу калорично, тоа помага при превенција од прекумерна тежина ако се консумира умерено. Научниците откриваат дека личностите кои неделно пијат две до три чаши пиво имаат помал индекс на телесна маса (BMI).

Две шолји кафе дневно пак го намалуваат ризикот од срцев удар за 11 %. Научниците сè уште не пронашле сигурна причина поради која ризикот се намалува, но веруваат дека за тоа се заслужни антиоксидативните својства на кафето.

Три до четири шолји кафе на ден го намалуваат ризикот од појава на дијабетес за 7% и го намалуваат ризикот од појава на инсулинска резистенција.

Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk