Одберете го вистинскиот отстранувач на боја за коса

Точка

26/04/2015

13:30

21176

Големина на фонт

а а а

Отстранувачот на боја за коса е посебен како и вие! Изборот на соодветниот отстранувач на боја е важен за да можете да го постигнете најдобриот резултат.

Colour B4 ви дава слобода да јапромените вашата боја на косата и да ја добиете бојата која што ја посакувате. Еве го полесниот начин, Colour B4 ја отстранува бојата за коса во вашиот дом. Едноставно нанесете го со чешел на вашата коса, чекајте, измијте и бојата на вашата коса ќе биде отстранета без да користете амонијак или хидроген. ColourB4тм Ви ја враќа природната или посветлата нијанса. Ќе ви ја врати природната боја на косата ако вештачката боја која сте ја нанеле е потемна од вашата природна боја


Ја отстранува бојата за коса со намалување на молекулите на бојата овозможувајќи ви едноставно да ги исплакнете, враќајќи ја вашата најсветла нијанса. COLOUR B4 не го допира природниот пигмент на косата и не ја оштетува, не содржи обелувач или амонијак, така што косата ја остава во добра состојба и е подготвена повторно да биде бојосана. COLOUR B4 е достапен со две варијанти: COLOUR B4 – Regular е идеален за отстранување на штотуку нанесената боја за коса, или за несаканата нијанса како што се светли или средни тонови (пепелава, бакарна и сл.) и COLOUR B4 - Extra е идеален за отстранување на повеќекратни нанесувања на боја, или пак, за непосакувани нијанси како што се темни тонови, или засилувачи на боја (темно кафеава и црна боја).

Со една реченица COLOUR B4 воведува нова ера во бојадисувањето на косата во домашни услови.

Најчесто поставувани прашања

Дали мојата боја на косата ќе биде иста како претходнта?

COLOUR B4 Ви ја враќа природната или посветлата нијанса. Ќе ви ја врати природната боја на косата ако вештачката боја која сте ја нанеле е потемна од вашата природна боја. Ако претходно сте ја бланширале или осветлувале косата COLOUR B4 не може да го поврати (оригиналниот) природен пигмент. Доколку сте нанеле многу темна или некоја од модерните бои (како изразито црвена или црна) на бланширана, порозна или сива коса, кутикулите може да се трајно обоени. Во тој случај COLOUR B4 не може да го отстрани обојувањето на кутилулите.

Иако, COLOUR B4 ќе ја отстрани вештачката, сепак ќе забележите дека вашата природна боја на косата е осветлена. Доколку се случи ова, за да ја вратите природната нијанса, едноставно изберете боја за коса која е блиска до вашиот природен тон и нијанса (секогаш изберете една нијанса посветла од вашата природна нијанса за да добиете реален резултат).

Колку долго треба Colour B4 да стои нанесен на косата?

По промешувањето на производот и еднаквото нанесување оставете да дејствува 30 минути зa Regular или 60 минути за Extra. Потоа треба да направите прво измивање на косата, нанесување на пуферот, второ измивање и повторување на нанесувањето на пуферот. По што следува редовно измивање на косата со нормален шампон.


Дали ви е потребно повеќе од едно пакување доколку имате долга коса?

Обично, густината на косата е онаа која одредува дали ви се потребни две пакувања или не. Доколку косата ви е подолга од рамениците, но не многу густа, едно пакување ќе биде доволно. Но, ако косата е до рамениците, но е многу густа, тогаш ќе ви бидат потребни две пакувања, бидејќи косата буквално ќе ја впие промешаната формула. Ако сте користеле две пакувања на бои, ќе ви бидат потребни две пакувања на COLOUR B4. Промешаната формула дава 120 милилитри течност и ако имате густа коса која е подолга од рамениците, сигурно дека ќе ви бидат потребни две пакувања од производот.

Дали Colour B4 отстранува наталожена боја нанесувана неколку пати претходно?

Да, апсолутно. За ова најдобра опција е да изберете COLOUR B4-Extra идеален е за отстранување на повеќекратни нанесувања на боја, или пак, за непосакувани нијанси како што се темни тонови, или засилувачи на боја. Нанесувањето на овој производ не мора да биде за поправање на грешки при бојадисувањето. Понекогаш боите се таложат на косата од половина надолу или на краевите. Таа станува потемна или добива мат боја. На ваквата коса е невозможно да се нанесе друга боја (билo потемна или посветла) бидејќи темната боја само ќе се засили. При нанесување на COLOUR B4 Extra ќе се отстрани оваа наталожена боја и ќе добиете сигурен резултат како оној прикажан на фотографијата од бојата која ја нанесувате.

Дали постои временско ограничување за тоа кога можете да ја нанесете Colour B4 по боењето на косата?

Не, не постои. Можете да го нанесете COLOUR B4 веднаш по плакнењето на бојата и истата ќе биде целосно отстранета. Но, можете да го нанесете и на коса која е бојадисана пред шест месеци или една година.

Како функционира Colour B4 на руса (бланширана коса)?

COLOUR B4 не може да влијае на резултатот од бланшот. COLOUR B4, едноставно, може да го отстрани вештачкиот пигмент од вашата коса. Ако вашата коса била подложна на високи нијанси или обелувачи, тогаш вашиот природен пигмент е осветлен и променет. Не е можно да се врати пигментот од вашата природна боја на косата со користење на COLOUR B4. Во вакви прилики (иако ја сакате вашата оригинална природна боја) вие треба повторно да ја обоите вашата коса (првично) користејќи делумно трајна боја. COLOUR B4 не ја оштетува, ниту пак некако влијае на коса која била бланширана.

Пред употреба внимателно прочитајте го упатството за употреба!

Побарајте во сите COSMO дрогерии.


Спонозорирани линкови

Маркетинг