Често помислуваме дека неистражените мистерии и чуда се наоѓаат на највисоките планински врвови или во најдлабоките океани, а целосно забораваме дека всушност, едно вистинско чудо ни се случува секоја ноќ, во текот на спиењето.
Луѓето толку се навикнати на спиењето па често и не размислуваат за тоа колку е чудно што нашите умови одлетуваат од свесните мисли околу седум часа дневно. Иако сите циклуси од спиењето се фасцинантни, РЕМ фазата, или сонот проследен со забрзаното движење на очите, е циклус од сонот кој се смета за еден од најмистериозните.
Всушност, навистина чудни нешта се случуваат во нашето тело и мозокот секоја ноќ, а ние не сме свесни за тоа.

Пред РЕМ фазата од спиењето, нашата телесна температура е пониска и нашето тело функционира побавно отколку кога сме будни. Дишеме подлабоко, нашето срце отчукува побавно, а нашите мускули почнуваат да се опуштаат. Првата РЕМ фаза започнува околу 70 до 90 минути откако сме заспале.
При влегувањето во РЕМ фазата од сонот, дишењето се забрзува, станува неправилно и плитко. Очите почнуваат да се движат побрзо, а мускулите стануваат неподвижни. Ритамот на срцето и крвниот притисок се зголемуваат.
Нашите телесни функции растат над нормалното ниво. Всушност, нашето тело станува толку хиперактивно, а дури 50 до 200% повеќе крв доаѓа до нашиот мозок во текот на РЕМ фазата, во споредба со ситуацијата кога сме будни.
РЕМ фазата опфаќа околу 20 до 25% од вкупниот сон, а истата се случува во неколку наврати, најчесто 4 или 5, кои што се многу кратки на почетокот на ноќта и се најдолги на крајот. Откако влегуваме во РЕМ фазата, пораките се испраќаат до мозочната кора, делот од мозокот кој според многумина е "одговорен за учење, размислување и организирање на информациите".

Во оваа фаза веќе почнуваме да сонуваме, па тогаш нелогични и сложени слики и информации почнуваат да се движат низ нашиот мозок, додека очите постојано неправилно започнуваат со движење. Сето ова допринесува да мислиме дека сонот е реалност, па затоа и повремено се будиме испотени, задишани, расплакани, па дури и насмеани.
За среќа, во РЕМ фазата луѓето не можат да делуваат надвор од своите соништа поради парализираноста на мускулите. Невронските инхибитори се движат низ крвта во текот на РЕМ фазата, па затоа во тој момент е невозможно физички да ги поместите мускулите.

Секако, не сите мускули од телото се блокирани, затоа што се уште можеме да дишеме, нашето срце секогаш отчукува и очите ни се движат. Но, затоа не можеме да зборуваме и да ги мрдаме рацете и нозете.
Парализата на телото во оваа фаза е многу корисна, пред се затоа што, замислете само што би се случило кога нашето хиперактивно тело би почнало да го прави сето она што се случува во сонот.

Сепак, некои луѓе не се парализираат во текот на спиењето, а тоа е сериозен медицински проблем кој се вика Нарушување на РЕМ спиењето, односно Парасомниа, која најчесто ги погодува мажите од средната возраст.
Всушност, луѓето се уште знаат многу малку информации за тоа што точно се случува во нашите мозоци и во телото во текот на РЕМ фазата, но она што е малку познато е доволно за да ни покаже во каква авантура всушност луѓето се впуштаат со секое заспивање.