Промоција на новиот албум на Тони Зен

Точка

10/10/2013

12:53

6609

Големина на фонт

а а а

Во одлична атмосфера во инспиративниот простор на арт-кафе барот "Концепт 37" синоќа се одржа промоцијата на петтиот по ред студиски албум на нашиот познат хип хоп изведувач Тони Зен.

Насловен како „МикроСкопски организам“ овој албум ќе ги израдува сите негови фанови со 15 нови и свежи траки.

Ова е негов петти студиски албум кој е комплетно изработен во музичкото студио "STEREO RECORDS" на Нино Васков.


На промоцијата присутните имаа можност да го погледнат и неговиот нов музички спот за песната „Сетила“ кој е во изработка на BMA Brоthers. Видеото ја претставува неговата поврзаност и комуникација со природата кон што всушност и тежнее целиот албум.


Од целиот настан можеше да се добие впечаток дека Тони со новиот албум ќе понуди музичко доживување поинакво од претходните досега во однос на неговата зрелост и јасната порака која ни ја испраќа. Единството, еднаквоста и борбата за човештвото се само дел од пораките од кој тој ја црпи инспирацијата.


Албумот содржи 15 песни чии текстописец е Тони Зен, a музикатa е изработенa од повеќе автори. Како гости на албумот се јавуваат имињата на музичарите: Сиги, Тамара Тодевска, Бобо (Софија, Бугарија), Даниел Кајмакоски, Горан Папас, Пере, Франц, Бертан Арслани и др.




Спонозорирани линкови

Маркетинг