Кој е Алексеј Навални: Руски револуционер или марионета на Путин?

Точка

09/09/2013

14:34

5.768

Големина на фонт

а а а

Русите не ги интересира револуција, тврдат западните медиуми, и тоа го поткрепнуваат со фактот дека граѓаните на Москва на вчерашните избори му подарија втор мандат на Сергеј Собјанин, актуелниот градоначалник на руската престолнина.

Алексеј Навални, противникот на претседателот Владимир Путин за кој експертите сметаат дека е доволно слаб за Кремљ да му дозволи да биде опозиционер, ја изгуби битката за Москва уште во првиот круг. Тој тврди дека не е така, најавувајќи протести доколку нема втор круг. А кој е Алексеј Навални?


Овој 37-годишен татко на две деца, кој за вечерва подготвува протестен митинг, од руските власти доби дозвола да влезе во трката за градоначалник на Москва само ден пред на 18 јули оваа година да биде осуден на пет години затвор.

Навални е обвинет за проневера со дрвени градби во вредност од половина милион долари во фирмата „КировЛес“ додека во 2009 година работел како советник на Никита Белих, гувернерот на областа Киров. Судијата ја прочитал пресудата која била идентична на барањето на државниот обвинител, со измена наместо бараните шест, Навални да добие пет години затвор. Само еден ден подоцна, на 19 јули, пуштен е на слобода до завршувањето на второстепената постапка.


До тој процес можеби не би дошло ако Навални кон крајот на 2011 не подигнеше неуспешна буна против Путин, кој во март наредната година од премиерската фотелја повторно се врати во претседателската.

Протестите кои Навални ги водеше ни најмалку не го загрозија Путин, во текот на чија инаугурација на 8 мај 2012 година Навани беше уапсен заедно со Сергеј Удаљцов. Тоа не му било првото апсење, а со тоа имал и неколку пресуди за исплата на парична штета на руските челници и олигарси за кои објавуваше компромитирачки податоци на својот блог или даваше изјави во медиумите.


Интересно е тоа дека, според истражувањето на московскиот Левада центар, само 32 посто од жителите на Москва пред кандидатурата на Навални за градоначалник знаеле дека тој влегува во трка со Собјанин, кој бил апсолутен фаворит.


Навални, кој има мешано руско-украинско потекло, во политиката е од 2000 година, кога пристапил на опозиционата партија Јаблоко и после неколку години стигнал до нејзиниот врв.


Тој во 2006 година го поддржал одржувањето на националистички маршови во сите поголеми руски градови, што се косело со политиката на партијата, па наредната година бил исфрлен од Јаблока.