Службениот автомобил на директорот на затворот „Идризово“ е седмиот изгорен автомобил на вработен во затворот во изминатата една и пол година. Опожарени беа автомобили на чувари, командири на одделенија, лани во април изгоре автомобилот на заменик-директорот, а утрово и на актуелниот директор Зоран Јовановски. Тој нема дилеми дека пожарот е подметнат.
„Ова се подмолни работи од кукавици. Има неколкумина во кои се сомневаме. Јавен обвинител веќе излезе на самото место, најдени се траги, а има и оч...