Највисока е добивката на Комерцијална банка, во износ од 19,16 милиони евра (16,9 милиони евра лани во првото тримесечје). Сепак, со зголемувањето од 13,4 проценти е позади Стопанска банка Скопје, чија добивка е натфрлена за 23,4 насто, а крајниот ефект се брои со 14,01 милион евра (11,35 милиони евра пред една година). НЛБ е единствената од големата тројка со потфрлување кај добивката. Во однос на споредбениот период бележи пад за 15,5 отсто, а се работи за сума од 11,02 милиони евра (13,04 мил...