Коалицијата „Храбро за Македонија“ денес обвини за изборен инженеринг и кражба на гласови на парламентарните избори. Од изборните единици 1, 2 и 5 им биле украдени повеќе од 600 гласа, кои, како што обвинија лидерите на партиите во коалицијата, им биле префрлени на коалициите „Вреди“ и „Европскиот фронт“.
Коалицијата „Храбро за Македонија“ најави кривична пријава против претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски, тужба во Управниот суд, а не ја исклучи можноста и за к...