Едно лице загина во авион од Лондон за Сингапур поради силни турбуленции, а неколку лица се повредени, јавува Би-би-си. Локалните медиуми информираат дека повеќе од 20 се повредени.
Авионот „боинг 777-300 ер“, кој летал за Сингапур, бил пренасочен кон Бангкок и слетал во 15.45 часот по локално време. Авионот превезувал вкупно 211 патници и 18 члена на екипажот, се наведува во соопштението за печатот на авиокомпанијата.
„Сингапур ерлајнс“ објави дека летот SQ321, кој летал од Лондон, „Хитроу“, до...