Речиси 150 земјотреси, најсилни во последните 40 години, се регистрирани вчера вечерта и утринава на полињата Флегра во близина на Неапол во јужна Италија, кои не предизвикаа големи штети, но посеаа паника меѓу населението, соопштија властите.
Земјотрес со јачина од 4,4 степени е регистриран во 20 часот и 10 минути по локално време на длабочина од 2,5 километри, соопшти Националниот институт за геофизика и вулканологија (ИНГВ).INGV забележа десетици послаби потреси на земјата во следните часови....