Отворен “Гевора” – највисокиот хотел на светот

Емиратот Дубаи е постојана потрага по рекорди, а тој вчера го отвори највисокиот хотел на светот, висок 356 метри. Најновиот хотел “Гевора” е кула со златна боја со 75 катови. Има четири ресторани, базен, луксузен спа центар и гимнастичка сала.