Армиски војници распоредени во Рио де Жанеиро во борбата против нарко бандите

Неодамна, бандите и фракциите за трговија со дрога во Рио де Жанеиро се бореа во неколку застрашувачки улични битки за доминација. Со цел да се справат со нив, ангажирани се 950 војници, распоредени низ тесните улички во населбата Rocinha, токму изминатиов петок. После бројните апсења, официјални лица изјавија дека нештата во оваа населба се повторно под контрола, додека војниците се се' уште на своите места, “во функција”.