BMW M8 GTE Racecar (2018)

BMW Motorsport на овогодинешниот саем за автомобили во Франкфурт го претставил новиот тркачки GT модел - BMW M8 GTE. Пред да стартува продажбата на новата серија BMW 8 Купе, овој автомобил веќе следната сезона ќе се појави на тркачките патеки како и на FIA World Endurance Championship (FIA WEC). Со оваа серија, BMW Motorsport, исто така, ќе го направи своето враќање кон иконската 24 Hours of Le Mans (FRA).