Огнените јазици го 'проголтаа' американскиот западен брег

Десетина шумски пожари и 'огнени јазици' во моментов се запалени низ осум западни држави во САД, принудувајќи илјадници луѓе да бегаат, да бидат уништени многу домови и да бидат затворени неколку автопати. Огромни количини на чад и пепел се фрлени во атмосферата, а повеќе од еден милион хектари изгореле само минатата недела, создавајќи опасни услови за дишење во многу делови од северозападниот дел на Пацификот. Во Калифорнија, пожарот "Ла Туна" во близина на Бербанк изгорел речиси 7.200 хектари земја. Станува збор за најголем оган што некогаш бил забележан во Лос Анџелес и пошироката област.