АРХИВА : CHAT : КИНО И ТЕАТАР    
Скопје
2
ВЕСТИСПОРТЖИВОТШОУ БИЗНИСПЛАНЕТААВТОМОБИЛИЗАБАВАЕРОТИКАФОТОВИДЕОИНТЕРВЈУ
НАСЛОВНАСИТЕ ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОНСВЕТAНАЛИЗИ

КОСОВО
Објавена фотографија од таткото кој избоде бебиња на Косово: Сакав да ја заплашам сопругата, па ми падна мрак пред очи!
Бебето од 40 дена починало од повредите кои со нож му ги нанел неговиот татко во Штрпце, додека другото бебе во тешка состојба било пренесено во Клиничкиот центар во Ниш, било кажано во болницата во Грачаница.
 

ХРВАТСКА
УНИЦЕФ: Секое петто дете во Хрватска гладува
Повеќе од 20.000 деца во Хрватска буквално гладуваат, а единствен топол оброк им е оној што родителите им го носат од народна кујна. Повеќе од 20.000 деца немаат ни соодветна облека, објави риечки Нови лист додавајќи дека секое петто дете во Хрватска живее под прагот на сиромаштијата.
21.02.2017, 12:11

СРБИЈА
Татко во Србија ги избоде бебињата близнаци стари 40 дена
Близнаци стари 40 дена избодени се во понеделник во Штрбац, Србија, а полицијата се сомнева дека тоа го направил нивниот татко.
21.02.2017, 11:17

АТИНА
Атина се согласи на компромис со кредиторите
Грција вчера се согласи да пронајде компромис за новиот пакет реформи во настојување да го реши спорот со кредиторите од ЕУ и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), кој предизвика стравување од нова криза.
21.02.2017, 10:54

СОФИЈА
Маж се самозапали во центарот на Софија
Маж се самозапалил во строгиот центарот на Софија на ул „Алабин”. Сведоци раскажуваат дека тој се посипал со бензин и потоа се замозапалил протестирајќи.
21.02.2017, 10:12

СРБИЈА
Николиќ се откажа од претседателската кандидатура
Претседателот на Србија Томислав Николиќ изјави во понеделник за весникот „Курир“ дека нема да биде претседателски кандидат на претстојните избори.
20.02.2017, 20:32

РЕГИОН
Врие во Тирана, опозицијата го напушти Собранието и бара техничка влада и нови избори
Албанската опозиција во понеделник ги продолжи протестите пред зградата на Владата во Тирана барајќи формирање на техничка влада, како и предвремени избори, јави дописникот на Макфакс од Тирана.
20.02.2017, 20:28

ЦРНА ГОРА
Објавени нови детали за обидот за државен удар во Црна Гора
Русија кон крајот на 2016-тата година планирала атентат на поранешниот премиер на Црна Гора, Мило Џукановиќ и рушење на неговата влада, објавил британски "Daily Telegraph" , повикувајќи се на извор од британската влада.
20.02.2017, 18:41

СЛОВЕНИЈА
"Во Југославија имавме најмалку двајца како Трамп - Туџман и Милошевиќ"
Ние во Југославија сме имале неколку политичари како Трамп, најмалку двајца - Туџман и Милошевиќ, рекол словенечкиот економист Јоже Менцингер, правејќи споредба помеѓу актуелните глобални случување со блиски до нас примери.
20.02.2017, 16:26

РЕГИОН
Бушати: Дијалогот меѓу Белград и Приштина треба да продолжи
Албанскиот министер за надворешни работи Дитмир Бушати смета дека дијалогот меѓу Белград и Приштина е своевидна платформа за нормализирање на односите и затоа треба да продолжи.
20.02.2017, 15:21

ПРИШТИНА
Тачи со апел до Шпанија: Косово не е Каталонија, потребно е што поскоро признавање
Косовскиот претседател Хашим Тачи ја повика Шпанија што поскоро да го признае Косово, бидејќи „Косово не е Каталонија“, пренесуваат српските медиуми.
20.02.2017, 11:14

НОВИ САД
Долги цевки и панцири: Полицајците добиле наредба да патролираат низ Нови Сад, се очекува нова мафијашка пресметка
Новосадската полиција цела недела патролира низ градот вооружена со долги цевки и панцири. Причина за тоа е, според српски "Blic", исчекување на пресметка помеѓу криминалните кланови на улиците.
18.02.2017, 16:53

СЛОВЕНИЈА
Бламажа во живо: Лекција од Словенија за регионот: Како минува функционер кој не си ја знае работата
Шефот на секторот за обновлива енергија во словенечкото Министерство за инфраструктура, Тилен Смолникар, бил сменет поради незнаењето кое го покажал за својот работен сектор пред телевизиските камери.
18.02.2017, 13:02

ТУРЦИЈА
Во Турција уапсен новинар на весникот Welt под обвинение за тероризам
Турската полиција го уапси новинарот на германскиот магазин Welt, под обвинение за припадност во терористичка организација, непрописно користење податоци и ширење терористичка пропаганда.
18.02.2017, 11:51

СРБИЈА
Николиќ: Од Вучиќ го побарав премиерското место
Претседателот на Србија Томислав Николиќ, во интервју за Спутник, рече дека бил подготвен да ја поддржи кандидатурата на Александар Вучиќ за претседател на Србија, но во тој случај очекувал да се врати на функцијата претседател на Српската напредна партија и да му се довери мандат за состав на новата влада.
17.02.2017, 21:25

СРБИЈА
„Блиц“: Москва ја финансира кандидатурата на Николиќ со 20 милиони евра
Српскиот претседател Томислав Николиќ ја има поддршката на Москва за претседателската кандидатура, објавија во петок белградските медиуми.
17.02.2017, 21:24

ТУРЦИЈА
Силна експлозија на југоистокот на Турција
Силна експлозија одекна во петок вечер во близина на објект каде што биле сместени судии и обвинители на југоистокот на Турција, при што едно лице загина, а 15 се повредени, јавија турските медиуми.
17.02.2017, 21:23

СРБИЈА
Вучиќ ја прифати кандидатурата за претседател на Србија
Централниот одбор на Српската напредна партија(СНП) едногласно во петок ја поддржа одлуката на Претседателството на партијата кандидат на СНП за претседател на Србија да биде нејзиниот претседател Александар Вучиќ.
17.02.2017, 21:21

РЕГИОН
Почна изградбата на спорната џамија на плоштадот Таксим во Истанбул
Властите во Истанбул почнаа во петок со изградба на голема џамија на познатиот плоштад Таксим, а критичарите овој проект го нарекуваат симбол на сè поголемата исламизација на Турција во мандатот на Реџеп Тајип Ердоган.
17.02.2017, 19:31

НАТО
"Мафијашко мочуриште": Huffington Post: Хрватска, Црна Гора, Албанија...балкански НАТО држави склони на криминал
Американскиот портал "Huffington Post" објавил текст кој се однесува на состојбата во НАТО алијансата, посебно на балканските држави членки и оние кои тоа наскоро ќе станат.
17.02.2017, 18:42

ТУРЦИЈА
Ердоган ја почна кампањата за референдумот за уставната реформа
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ги повика во петокот своите приврзаници да ја започната битката за референдумот за уставните промени со коишто ќе се прошират овластувањата на шефот на државата, што како што истакна, на Турција ќе ѝ донесе повеќе стабилност.
17.02.2017, 18:32

БЕЛГРАД
СНС ја одби понудата на Николиќ за кандидатура за претседател на Србија
Претседателството на владејачката Српска напредна партија (СНС), денеска ја одби понудата на актуелниот српски претседател Томислав Николиќ „упатена кон Александар Вучиќ“, околу поддршката на повторната кандидатура за претседател на државата, изјави потпретседателот на Партијата, Милош Вучевиќ.
17.02.2017, 11:53

ТУРЦИЈА
Турскaтa полиција запленила 600 килограми хероин на границата со Иран
Турската погранична полиција на границата со Иран открила 600 килограми хероин во камион чија крајна дестинација била Бугарија, јави БТА.
17.02.2017, 09:53

АТИНА
Протест на железничарите во Атина
Метрото, трамваите и електричната железница во Атина денеска од 12 до 15 часот ќе бидат во прекин како предупредување на вработените во секторот, кои се противат на приватизацијата на градскиот превоз, јавија грчките медиуми.
17.02.2017, 09:51

ДИЈАСПОРА
ОМД: Обновена Конгресната група за пријатели на Македонија во САД
Обединетата македонска дијаспора (ОМД) информира дека синоќа конгресмените Дејв Трот (Републиканец од Мичиген), Брендан Бојл (Демократ од Пенцилванија) и Стив Стајверз (Републиканец од Охајо) ја обновија Конгресната група на пријатели за Македонија и Македонските-Американци за 115. конгрес.
17.02.2017, 09:49

СЛОВЕНИЈА
Нови детали од монструозното убиство во Словенија: Мајката на убиецот со изјавата ја шокирала цела држава
Словенечките медиуми откриваат детали за убиството на 26-годишниот Андреј, кое ја потресло Словенија, но и регионот.
16.02.2017, 15:01

СРБИЈА
Лудница во Србија: Николиќ ја објавил кандидатурата, Дачиќ бесен, Шешељ дивее, а Вучиќ само молчи
Претседателот на Србија, Томислав Николиќ ќе се кандидира на претстојните претседателски избори, објавил во средата навечер рускиот интернет портал "Sputnik".
16.02.2017, 13:49

БЕЛГРАД
Николиќ сепак ќе се кандидира на претседателските избори во Србија
Српскиот претседател Томислав Николиќ ќе се кандидира повторно на претседателските избори, јави „Спутник“, а подоцна и српската Б92 ја потврди информацијата, повикувајќи се на извори во кабинетот на Николиќ.
16.02.2017, 10:14

ЕКОНОМИЈА
Дејселблум: Ако ММФ се повлече, Грција ќе банкротира
Грција ќе банкротира ако Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) одлучи да ја повлече спасувачката програма, изјави во холандскиот Парламент претседателот на Еврогрупата, Јерун Дејселблум, јави грчката новинска агенција АНА-МПА.
16.02.2017, 09:52

АТИНА
Грција преминува на долари?
Грција ја разгледува можноста да ја напушти еврозоната и да го прифати американскиот долар, изјави денес американскиот професор Тед Малох.
15.02.2017, 16:32

ПОДГОРИЦА
Црногорскиот парламент им го укина имунитетот на лидерите на опозицијата
Црногорскиот парламент во среда им го симна имунитетот на пратениците и лидери на просрпскиот опозициски Демократски фронт(ДФ), Андрија Мандиќ и Милан Кнежевиќ, на барање на Специјалното државно обвинителство, кое челниците на ДФ ги товари за здружување и криминална организација во пресрет на парламентарните избори на 16 октомври минатата година.
15.02.2017, 15:16

РЕГИОН
Жбогар очекува реакција од Брисел и деблокада на грчката граница
Евроамбасадорот Самуел Жбогар денеска изјави дека ЕУ и Брисел внимателно го следат проблемот со блокадата на граничнот премин Евзони од страна на грчките земјоделци и очекува дека во најскоро време ќе следи реакција и обид за негово трајно решавање.
15.02.2017, 14:44

ПОДГОРИЦА
Опозициски протест пред Парламентот на Црна Гора
Oпозицијата ја бојкотира работата на Парламентот од вонредните парламентарни избори на 16 октомври минатата година.
15.02.2017, 13:48

РОДОС
На Родос уапсени 16 мигранти
На грчкиот остров Родос денеска се уапсени 16 бегалци поради илегален влез во Грција.
15.02.2017, 13:47

СЛОВЕНИЈА
Лице на монструм: Тој пред очите на Словенија мачел и убил 26-годишно момче: "Погледни се, прасе едно"
"Тоа не може да биде човек, тоа е ѕвер", коментираат згрозените и шокирани Словенци кои ја виделе снимката од убиството на 26-годишниот Андреј Цекута, објавена на Фејсбук.
15.02.2017, 13:41

ЕКОНОМИЈА
Ротшилд ќе им помага на Грците да го отпишат долгот
Грција планира да ја ангажира една од најстарите финансиски компании во светот Ротшилд, која на владата во Атина со своите совети би ѝ помогнала да се извлече од должничкото ропство.
15.02.2017, 10:55

ТИРАНА
Уапсени ограбувачите на милионски суми кај аеродромот во Тирана
Албанската полиција успеа да стави зад решетки четворица од шестмината разбојници, кои во четвртокот, во близина на меѓународниот аеродром во Тирана украдоа 2,7 милиони евра, банкарски средства кои требало да бидат транспортирани во Австрија.
15.02.2017, 10:09

СРБИЈА
Вучиќ кандидат за претседател на Србија
Актуелниот српски премиер Александар Вучиќ ќе биде кандидат за претседател на Србија на Српската напредна партија(СНП).
14.02.2017, 18:16

ИСТАНБУЛ
Ладнокрвно сведоштво на напаѓачот од клубот во Истанбул: Сакав да ги убијам христијаните на празник
Абдулгадир Машарипов, кој признал дека убил 39 лица во ноќен клуб во Истанбул за новогодишната вечер, пред судот изјавил дека првобитно планирал нападот да го изведе на плоштадот Таксим.
14.02.2017, 17:34

АТИНА
Пораки од концерт на Златна Зора: „Идејата за голема Грција е жива” и „Евреите да се фрлат во море”
Идејата за Голема Грција се уште живее, Евреите надвор и да се истребат со фрлање во море, Турци Монголи убијци, се дел од пораките што преку песни и говор, пред развиено нацистичко знаме, беа упатени на концерт во организација на Златна Зора, јавува дописникот на Нетпрес од Атина.
14.02.2017, 16:19

СЛОВЕНИЈА
Двајца Словенци злоставувале 26-годишен маж, а видеото го објавиле на Facebook
Словенија е згрозена од злосторството што во неделата кон понеделникот се случило во село близу Кршко, при што двајца злоставувале 26-годишен маж, тоа го снимиле и го поставиле на Facebook, каде било прегледано од 230.000 корисници на мрежата.
14.02.2017, 15:13

АТИНА
Во Атина наскоро првата џамија по стотина години
Половината милион муслимани кои живеат во Атина наскоро треба да ја добијат првата официјална џамија во којашто ќе се одржува богослужба, по повеќе од стотина години.
14.02.2017, 13:19

ВАШИНГТОН
Иванка главна тема во медиумите: На важниот состанок во Белата куќа, таа со очи "го голтала" овој човек
Иванка Трамп во понеделникот за прв пат имала официјален состанок во Белата куќа, и тоа со канадскиот премиер Џастин Трудо, а медиумите пишуваат само за една работа која ја забележале на тој состанок.
14.02.2017, 12:50

ТИРАНА
Кодели-Демоли: Албанија и Косово ќе делуваат заедно на секоја провокација
Албанија и Косово заедно ќе реагираат на секоја вештачка националистика провокација.
14.02.2017, 12:06

ИСТАНБУЛ
Турција: Уапсен осомничениот за планирање напад во клубот „Реина“ во Истанбул
Турската полиција го уапси лицето А.С. за кое постои сомневање дека планирало напад на новогодишната ноќ во клубот „Реина“, кога терористот Абдулгадир Машарипов уби 39 лица и рани 69.
14.02.2017, 11:52

АТИНА
Грчките земјоделци денеска ќе протестираат во Атина
Грчките земјоделци, кои веќе три недели ги блокираат патиштата низ земјата, денеска ќе одржат протестен митинг во Атина против најавените владини реформи, пренесува БТА.
14.02.2017, 09:58

РЕГИОН
Во Црна Гора се подготвува апсење на опозицискиот челник
Административната комисија на Скупштината (парламентот) на Црна Гора, едногласно во понеделникот попладнето го прифати барањето на Специјалниот државен обвинител Миливој Катниќ за симнување на имунитетот на пратениците и челниците на опозициската партија Демократски фронт, Андрија Мандиќ и Милан Кнежевиќ, кои имаат спротивни ставови од актуелната прозападна црногорска власт .
13.02.2017, 19:51

РЕГИОН
Харадинај: Водев одбранбена војна, Дачиќ и Вучиќ се вистинските злосторници
Поранешниот командант на Ослободителната војска на Косово (ОВК), кого Србија го сомничи за воени злосторства на Косово, тврди дека е борец за слобода, а не воен злосторник, пишува весникот Косова сот.
13.02.2017, 15:23

АТИНА
Грчките земјоделци се подготвуваат за протест во Атина
Грчките земјоделци од областа на Тесалија тргнаа со автобуси, автомобили и трактори кон Атина, со цел да учествуваат во утрешните протести.
13.02.2017, 12:52

НАТО
Столтенберг очекува Црна Гора оваа година да стане членка на НАТО
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави денеска дека очекува оти Црна Гора оваа година ќе стане 29 членка на Алијансата и порача дека иднината на Балканот е во евроатланското семејство.
13.02.2017, 11:08

АЛБАНИЈА
Во Албанија спречен обид за шверц на 230 артефакти од Аполонија
Албанската полиција соопшти дека спречиле шверц на 230 вредни артефакти од античкиот град Аполонија и дека биле уапсени две лица,а потрагата по други две лица сеуште трае.
13.02.2017, 10:11

ПРИШТИНА
Косовското државјанство го откажале 38 илјади лица
Косовското државјанство го откажале 38 илјади лица во периодот 2009 – 2017 година.
13.02.2017, 10:07

КОСОВО
Анкета: Седумдесет и три проценти од Србите не би војувале со Косово
Големо мнозинство од граѓаните на Србија сметаат дека не е оправдано да се влезе во вооружен конфликт со цел Косово „да остане“ во составот на Србија, покажа истражувањето на белградскиот Центар за политика во областа на безбедноста.
13.02.2017, 10:03

АТИНА
Ципрас ги повика ММФ и Шојбле да не си „играат со оган“
Грчкиот премиер Алексис Ципрас го повика во сабота Меѓународниот монетарен фонд(ММФ) и германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле да престанат да си „играат со оган“ и рече дека нивните позиции се виновни за актуелната блокада на преговорите меѓу Грција и нејзините доверители.
11.02.2017, 15:01

СОЛУН
Масовна евакуација во Солун поради деактивирање на бомба
Грчките власти подготвуваат масовна евакуација на населението од вториот по големина град Солун, од каде привремено ќе бидат иселени 72.000 жители за да биде деактивирана и отстранета бомба од Втората светска војна.
11.02.2017, 13:10

РОМАНИЈА
Им објави војна на тие што мислеа дека се недопирливи: Ова е Лаура, романската обвинителка - симбол на борбата против корупцијата
Главната обвинителка во Романија е вистинска ѕвезда во Романија - за многумина е воин кој што им се спротистави на најмоќните.
11.02.2017, 12:17

РЕГИОН
Милионските грабежи ја потресуваат Албанија
Во последните неколку месеци во Албанија се ограбени повеќе од десет милиони евра, што придонесува за загриженост и кај власите и во јавноста, јави дописникот на Макфакс од Тирана.
10.02.2017, 19:48

ТИРАНА
Албанија: Опозицијата одлучи, на 18-ти февруари масовни протести против Рама
Албанската опозиција во петокот одлучи наредната недела да стартуваат масовни протести против владата на премиерот Еди Рама, јави дописникот на Макфакс од Тирана.
10.02.2017, 16:43

ГРЦИЈА
Еврозоната и ММФ со „заеднички фронт“ за Грција
Кредиторите од еврозоната и Меѓународниот монетарен фонд денеска се договорија за заеднички став кон Грција, изјави претставник на еврозоната.
10.02.2017, 14:51

РЕГИОН
Регионот го потресе текстот од германскиот новинар: Еве зошто Балканот е најкревкото место во Европа!
Германскиот новинар Улрих Ладурнер во својата колумна во неделникот "Die Zeit" го разбранува регионот, но и европската јавност.
10.02.2017, 13:37

12345678910 ... Последна
НАЈЧИТАНИ 24чaса | 7дена | 30дена

Објавена фотографија од таткото кој избоде бебиња на Косово: Сакав да ја заплашам сопругата, па ми падна мрак пред очи!
Бебето од 40 дена починало од повредите кои со нож му ги нанел неговиот татко во Штрпце, додека друг...
МЕЛБУРН
Застрашувачка снимка: Моментот на падот на авионот во Австралија забележан со камера
ЕВРОПА
Откриен е радиоактивен облак над Европа: Научниците збунети, не знаат од каде е изворот...
ФРАНЦИЈА
Нема да се покријам со марама: Француската десничарка Ле Пен откажа состанок со познат муфтија
ОЛИМПИСКИ ИГРИ
Целосна пропаст на најголемото спортско светско натпреварување: Зошто никој не сака да биде домаќин на ОИ?

ВИДЕО ВЕСТИ

Чешкиот ветеран не мирува: Прво им го покажал голиот задник на американските војници, сега го запалил Куранот
Мартин Заплетал, ветеран од чешките воени мисии на Косово и во Кувајт, денес активист против НАТО, познат во јавноста поради тоа што го покажал голиот задник пред конвој на НАТО, сега го запалил Куранот на скара, и тоа со колбас, во знак на солидарност со младата девојка од Словачка која поради сквернавење на светата книга на муслиманите завршила во затвор.
БАРСЕЛОНА
Драма во Шпанија: Украл камион полн со гас, па се залетал кон центарот на Барселона
МЕЛБУРН
Застрашувачка снимка: Моментот на падот на авионот во Австралија забележан со камера
КЕЛН
Германците пратиле два борбени авиони по патнички авион

ФОТО  
20 од најмоќните фотографии од изминатата недела според Reuters

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ
ИТАЛИЈА
Филмска одмазда: Ја одмаздил својата сопруга на неверојатен начин
САД
Паника во Америка: Огромната дупка во највисоката брана во близина на Сан Франциско продолжува да се шири!
СКОПЈЕ
Страшна сообраќајка на Партизанска со Октомвриска во 4 часот изутринава
СФРЈ
ЦИА ги објави информациите за нападот на СФРЈ: Чекале Тито да умре, а потоа Брежњев да почне
 

Вести
Mакедонија
Регион
Свет
Анализи

Спорт
Фудбал

Кошарка
Ракомет
Мотоспорт
Други спортови

Живот
Здравје
Модаи убавина
Љубов и секс
Патување
Kулинарство

Шоу Бизнис
Филм
Mузика
Селебрити
МК Сцена

Наука
Технологија
Автомобили
Забава
Еротика

Најнови
Најпопуларни
Фото
Видео
Интервју

 
Designed by
  Copyright © Точка Медиа 2005-2017 Контакт    Маркетинг   Импресум