АРХИВА : CHAT : КИНО И ТЕАТАР    
Скопје
5
ВЕСТИСПОРТЖИВОТШОУ БИЗНИСПЛАНЕТААВТОМОБИЛИЗАБАВАЕРОТИКАФОТОВИДЕОИНТЕРВЈУ
НАСЛОВНАНОВИТЕТИТЕХНОЛОГИЈАЗАНИМЛИВОСТИ
Зимски совети за безбедност на пешаците во сообраќајот
11.01.2017 | 13:11
Извор: Точка
Прочитано: 1018 пати
Испрати на пријател
Зголеми го фонтот
Намали го фонтот

Снегот, мразот и минусните температури во овој период од годината најмногу проблеми предизвикуваат на учесниците во сообраќајот.

Иако фокусот најчесто е ставен на возачите и возењето по снег и замрзнати коловози, сепак Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата подготви корисни совети и за најранливата категорија учесници во сообраќајот – пешаците, кои своите дневни обрски ги извршуваат пеш движејќи се по снегот.

Според статистиките, секоја година околу 1/4 од вкупниот број жртви во сообраќајот се пешаци.

Совети кои ќе помогнат за побезбедно и посигурно учество на пешаците во сообраќајот, а на возачите ќе им помогнат полесно да ги забележат на улиците:

Движете се по тротоарот секогаш кога тоа е можно – Доколку не сте во можност да се движите по тротоар и го користите коловозот, тогаш движете се до крајниот лев раб од коловозот и следете ги возилата кои ви доаѓаат од спротивната страна.

Секогаш преминувајте ја улицата на пешачки премин. Преминувањето надвор од пешачкиот премин е крајно опасно, особено во услови на намалена видливост и тоа сериозно може да влијае на вашата безбедност во сообраќајот.

Настојувајте секое движење да ви е внимателно испланирано и не ризикувајте со изборот на „скратен пат“. Пред да се решите да стапнете на улицата имајте во предвид дека на возилата им е потребно повеќе време да запрат и сопирачкиот пат е подолг од вообичаено. Не ја преминувајте улицата сѐ додека не сте сигурни дека возилата кои се движат по коловозот ве забележале и се во состојба безбедно да го запрат своето возило.

Освен тоа, пешаците за лична безбедност треба да внимаваат и на следните работи:


Носете соодветни обувки. Чекорете бавно и сигурно со целото стапало. Соодветните обувки му овозможуваат на пешакот да чекори со целото стапало и да има добар и стабилен контакт со подлогата по која се движи. Обувките треба да се со соодветна потпора и да не се лизгаат на снег.

Не го бркајте зеленото светло за пешаци или автобусот, бидете стрпливи и сигурни во тоа што го правите.

Избегнувајте да носете торби и други предмети кој ја нарушуваат вашата рамнотежа. Никогаш не се движете со рацете во џеб.

Пешачките премини можат да бидат доста опасни и при самото разминување на пешаците. Внимавајте каде чекорите. Гледајте пред себе и пропуштете го пешакот кој ви доаѓа од спротива. Не заборавајте, љубезното однесување во сообраќајот е дел од убавите манири на секој човек.

При преминување на улицата немојте да застанувате помеѓу двете коловозни ленти затоа што возачите не ве очекуваат таму и може да бидете удрени од возило кое се движи по влажен и лизгав коловоз.

Бидете особено внимателни кога се качувате или излегувате од автобус или автомобил, или кога се движите помеѓу паркирани возила и излегувате на улица.

Носете светла облека со рефлектирачки додатоци особено во рани зори и во приквечерието. Додатете рефлектирачки налепници на јакните или на торбите. Бидете видливи и безбедни во сообраќајот.

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, покрај овие совети, апелира до пешаците на максимално одговорно учество во сообраќајот. Внимателно учество во сообраќајот не е грижа само на возачите. Секој од нас има обврска да се грижи за својата безбедноста и да дава личен придонесен за непречено одвивање на сообраќајот.

НАЈНОВО ОД ЗАНИМЛИВОСТИ  
ЗАНИМЛИВОСТИ
Лесно запаливо: Ламборџини ги повлекува Aventador и Veneno поради страв од пожар
И тоа се случува - ретко се случува кога големите производители на автомобили повлекуваат цели серии на автомобили, а уште поретко е кога тоа го прават производителте на суперавтомобили.
20.02.2017, 17:00


АВТОМОБИЛИ
Имате 10 милиони евра? Ова е автомобилот за вас!
Станува збор за автомобил кој што е стар веќе девет години, но од ден во ден неговата вредност расте. Секако, станува збор за суперавтомобил, а овој доаѓа од срцето на Италија.
16.02.2017, 19:00


АВТОМОБИЛИ
За сите Off-road фанатици: Погледете ги овие преработки на легендарниот Wrangler
Американска компанија со седиште во Тексас, веќе со години ги преработува легендарните џипови Wrangler, кои што дефинитивно се сон на секој off-road фанатик.
16.02.2017, 17:30


БУГАТИ
Bugatti Chiron: Погледнете каде и како се произведува еден од најбрзите автомобили на светот
Многу етапи и склопување на над 1,800 делови, за на крајот да се добие една целина и автомобилско - технолошко чудо на Bugatti кое што е вредно 2,4 милиони евра. Ова е Bugatti Chiron.
15.02.2017, 17:00


АВТОМОБИЛИ
BEST CARS 2017: ŠKODA Octavia е број 1 по четврти пат
Победник во низа: по четврти пат моделот ŠKODA Octavia ја освои престижната "Најдобар автомобил од увоз", награда за која одлучуваат читателите на "Auto, motor und sport".
09.02.2017, 11:15

НАЈЧИТАНИ 24чaса | 7дена | 30дена

Освежен е RS 3 Sportback: Најголемата новост не е видлива, но е брутално моќна
Ауди објави неколку службени фотографии и информации од освежениот RS 3 Sportback кој ќе биде претст...
БУГАТИ
Bugatti Chiron: Погледнете каде и како се произведува еден од најбрзите автомобили на светот
АВТОМОБИЛИ
Имате 10 милиони евра? Ова е автомобилот за вас!
ТЕХНОЛОГИЈА
Еве како Илон Маск го замислува автомобилскиот пазар за 10 години
АВТОМОБИЛИ
За сите Off-road фанатици: Погледете ги овие преработки на легендарниот Wrangler

ВИДЕО ВЕСТИ

Освежен е RS 3 Sportback: Најголемата новост не е видлива, но е брутално моќна
Ауди објави неколку службени фотографии и информации од освежениот RS 3 Sportback кој ќе биде претставен на Саемот за автомобили во Женева.
ЗАНИМЛИВОСТИ
Еве како би изреагирал Никола Тесла кога би седнал зад управувачот на Tesla
ЗАНИМЛИВОСТИ
Дали Лексус има моќ за да полета?
РУСИЈА
Ова е рускиот Бетмобил: Ќе го возат специјалците од ФСБ

ФОТО  
30 автомобили кои зимата ги претвори во уметнички дела

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ
ФОЛКСВАГЕН
Ве нервира чистењето на замрзнатото ветробранско стакло? Фолксваген има револуционерно решение
НОВИТЕТИ
Конкуренцијата треба да се плаши: Најбрзиот сериски Форд во напад на Ферари и Мекларен
АВТОМОБИЛИ
BEST CARS 2017: ŠKODA Octavia е број 1 по четврти пат
ТЕХНОЛОГИЈА
Touch Screen Window System: Пристигнува технологија за спуштање на прозорот само со допир
 

Вести
Mакедонија
Регион
Свет
Анализи

Спорт
Фудбал

Кошарка
Ракомет
Мотоспорт
Други спортови

Живот
Здравје
Модаи убавина
Љубов и секс
Патување
Kулинарство

Шоу Бизнис
Филм
Mузика
Селебрити
МК Сцена

Наука
Технологија
Автомобили
Забава
Еротика

Најнови
Најпопуларни
Фото
Видео
Интервју

 
Designed by
  Copyright © Точка Медиа 2005-2017 Контакт    Маркетинг   Импресум    
 
Вашето име:
Вашиот email:
Има на пријател:
Email на пријател:
Коментар: