АРХИВА : CHAT : КИНО И ТЕАТАР    
Скопје
5
ВЕСТИСПОРТЖИВОТШОУ БИЗНИСПЛАНЕТААВТОМОБИЛИЗАБАВАЕРОТИКАФОТОВИДЕОИНТЕРВЈУ
НАСЛОВНАНОВИТЕТИТЕХНОЛОГИЈАЗАНИМЛИВОСТИ
Верижен судир на повеќе од 100 возила поради снег и невнимание од страна на возачите
11.01.2017 | 12:28
Извор: Точка
Прочитано: 4913 пати
Испрати на пријател
Зголеми го фонтот
Намали го фонтот

Речиси 100 возила и камиони учествувале во масовниот верижен судир на еден автопат во близина на Торонто.

Иако поради специфичните климатски услови возачите во Канада имаат доста искуство во возењето по снег и воопшто во зимски услови, дури и во оваа земја се случуваат масовни сообраќајни незгоди во зима, помеѓу останатото и поради невнимание од страна на возачите.

Во еден таков верижен судир на автопат оштетени се речиси 100 возила, после што биле стопирани автомобилите во сите три сообраќајни ленти.

За среќа, во овој верижен судир немало ниту една жртва, а неколку луѓе завршиле во болница само поради полесни повреди.



Временските прилики во Македонија во првата половина на месец јануари во новата 2017-та година се слични како состојбата којашто ја гледаме на овој видео запис, такашто видео записот може да ни послужи и како опомена и корисна лекција. Совети за прилагодување на брзината и одржувањето на растојание, во зависност од моменталните услови кои владеат на патот, често слушаме овие денови. А примерите како овој од Канада се доказ дека не се работи само за празна приказна.

Всушност колку и со право да се жалиме на (не)одржувањето на сообраќајниците во текот на снежните врнежи и на службите чијашто задача е токму тоа, на крајот од нас самите, како возачи, во голема мера зависи дали безбедно ќе пристигнеме онаму каде што сме тргнале.

Ако веќе сме се нашле во ситуација да возиме по снег и во услови на намалена видливост, потребно е добро да се фокусираме на патот, да забавиме до безбедна брзина и да оставиме доволно место помеѓу нашиот и автомобилот пред нас, како би можеле безбедно да го запреме возилото во случај на непредвидени околности.


Во случај на намалена видливост на автопат и застој, потребно е на оние коишто се движат зад нас да им дадеме до знаење дека сообраќајот е забавен или потполно стопиран. Кога тоа ќе се случи неочекувано, корисно е да се вклучат сите 4 трепкачи и по можност да се помести возилото во лево или десно, како би избегнале евентуален директен судир од задната страна од други возила кои не успеале на време да застанат.

Во услови на магла или намалена видливост поради снежни врнежи, на автопат и при возење надвор од градската средина, многу помага задното светло за магла. Сепак, не заборавајте да го исклучите кога видливоста на патот ќе биде доволно подобрена, како не би ги заслепувале возачите зад вас и би ризикувале да добиете казна.

Исто така, поради вашата, но и безбедноста на другите возачи во сообраќајот, исчистете го во потполност автомобилот од снег пред да тргнете на пат. На тој начин на себе си ќе си обезбедите подобра прегледност, а другите учесници во сообраќајот ќе ги поштедите од снежни наноси коишто паѓаат од вашиот автомобил додека истиот е во движење.

Среќен пат!

НАЈНОВО ОД ЗАНИМЛИВОСТИ  
ЗАНИМЛИВОСТИ
Лесно запаливо: Ламборџини ги повлекува Aventador и Veneno поради страв од пожар
И тоа се случува - ретко се случува кога големите производители на автомобили повлекуваат цели серии на автомобили, а уште поретко е кога тоа го прават производителте на суперавтомобили.
20.02.2017, 17:00


АВТОМОБИЛИ
Имате 10 милиони евра? Ова е автомобилот за вас!
Станува збор за автомобил кој што е стар веќе девет години, но од ден во ден неговата вредност расте. Секако, станува збор за суперавтомобил, а овој доаѓа од срцето на Италија.
16.02.2017, 19:00


АВТОМОБИЛИ
За сите Off-road фанатици: Погледете ги овие преработки на легендарниот Wrangler
Американска компанија со седиште во Тексас, веќе со години ги преработува легендарните џипови Wrangler, кои што дефинитивно се сон на секој off-road фанатик.
16.02.2017, 17:30


БУГАТИ
Bugatti Chiron: Погледнете каде и како се произведува еден од најбрзите автомобили на светот
Многу етапи и склопување на над 1,800 делови, за на крајот да се добие една целина и автомобилско - технолошко чудо на Bugatti кое што е вредно 2,4 милиони евра. Ова е Bugatti Chiron.
15.02.2017, 17:00


АВТОМОБИЛИ
BEST CARS 2017: ŠKODA Octavia е број 1 по четврти пат
Победник во низа: по четврти пат моделот ŠKODA Octavia ја освои престижната "Најдобар автомобил од увоз", награда за која одлучуваат читателите на "Auto, motor und sport".
09.02.2017, 11:15

НАЈЧИТАНИ 24чaса | 7дена | 30дена

Освежен е RS 3 Sportback: Најголемата новост не е видлива, но е брутално моќна
Ауди објави неколку службени фотографии и информации од освежениот RS 3 Sportback кој ќе биде претст...
БУГАТИ
Bugatti Chiron: Погледнете каде и како се произведува еден од најбрзите автомобили на светот
АВТОМОБИЛИ
Имате 10 милиони евра? Ова е автомобилот за вас!
ТЕХНОЛОГИЈА
Еве како Илон Маск го замислува автомобилскиот пазар за 10 години
АВТОМОБИЛИ
За сите Off-road фанатици: Погледете ги овие преработки на легендарниот Wrangler

ВИДЕО ВЕСТИ

Освежен е RS 3 Sportback: Најголемата новост не е видлива, но е брутално моќна
Ауди објави неколку службени фотографии и информации од освежениот RS 3 Sportback кој ќе биде претставен на Саемот за автомобили во Женева.
ЗАНИМЛИВОСТИ
Еве како би изреагирал Никола Тесла кога би седнал зад управувачот на Tesla
ЗАНИМЛИВОСТИ
Дали Лексус има моќ за да полета?
РУСИЈА
Ова е рускиот Бетмобил: Ќе го возат специјалците од ФСБ

ФОТО  
30 автомобили кои зимата ги претвори во уметнички дела

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ
ФОЛКСВАГЕН
Ве нервира чистењето на замрзнатото ветробранско стакло? Фолксваген има револуционерно решение
НОВИТЕТИ
Конкуренцијата треба да се плаши: Најбрзиот сериски Форд во напад на Ферари и Мекларен
АВТОМОБИЛИ
BEST CARS 2017: ŠKODA Octavia е број 1 по четврти пат
ТЕХНОЛОГИЈА
Touch Screen Window System: Пристигнува технологија за спуштање на прозорот само со допир
 

Вести
Mакедонија
Регион
Свет
Анализи

Спорт
Фудбал

Кошарка
Ракомет
Мотоспорт
Други спортови

Живот
Здравје
Модаи убавина
Љубов и секс
Патување
Kулинарство

Шоу Бизнис
Филм
Mузика
Селебрити
МК Сцена

Наука
Технологија
Автомобили
Забава
Еротика

Најнови
Најпопуларни
Фото
Видео
Интервју

 
Designed by
  Copyright © Точка Медиа 2005-2017 Контакт    Маркетинг   Импресум    
 
Вашето име:
Вашиот email:
Има на пријател:
Email на пријател:
Коментар: