АРХИВА : CHAT : КИНО И ТЕАТАР    
Скопје
5
ВЕСТИСПОРТЖИВОТШОУ БИЗНИСПЛАНЕТААВТОМОБИЛИЗАБАВАЕРОТИКАФОТОВИДЕОИНТЕРВЈУ
НАСЛОВНАМОДА И УБАВИНАДИЗАЈНЉУБОВ И СЕКСЗДРАВЈЕПАТУВАЊЕКУЛИНАРСТВО
И тоа е можно! Го прошетал речиси целиот свет, а не седнал во авион
05.01.2017 | 21:30
Извор: Точка
Прочитано: 7803 пати
Испрати на пријател
Зголеми го фонтот
Намали го фонтот

За патувањето Тор Педерсен се одлучил со наполнети 34 години, а иако сметал дека веќе е стар, се осмелил на потфатот на наговарање од пријател. Од Данска отпатувал во Германија и тука започнала неговата авантура...

Дали е можно да се пропатува светот без многу пари? Многумина од нас веднаш ќе речат јасно и гласно „НЕ“, но еден Данец мисли поинаку и теоријата за патување низ светот со малку пари ја докажува од ден во ден.


Тор Педерсен пред неколку години одлучил да го пропатува светот, но недостатокот на пари го натерал да размисли како да го постигне тоа што е можно поевтино. По малку неверојатно, но првата одлука која ја донел била да го прошета светот без користење на авонски компании. Ќе си помислите дека тоа е невозможно? Па, се чини дека овој 38 – годишен маж ни го докажа спротивното.


Своето патување го започнал во октомври 2013 година, а денес, после нешто повеќе од три години, може да се пофали дека посетил 122 земји (од вкупно 203). За потребите на патувањето поставил неколку правила: нема користење авиони, во секоја земја ќе помине минимум 24 часа и нема да се врати дома пред да ги посети сите земји. Педерсен тврди дека помалку од 200 луѓе на целиот свет ги посетиле сите држави, а неговата цел е да стане првиот човек кој ќе го прошета целиот свет без користење на авионски услуги.


За ова патување се одлучил кога наполнил 34 години, а иако сметал дека веќе е стар, се осмелил на потфатот на наговарање од пријател. Од Данска отпатувал во Германија и тука започнала неговата авантура...


На своето патување за движење користи повеќе модели на јавен превоз: возови, автобуси, траекти. Со оглед на тоа што воедно работи како амбасадор на добра волја на Данскиот црвен крст, во државите кои ги посетува редовно држи предавања за своите авантури, а се` уредно забележува на својот блог Once upn a saga. Покрај горенаведените средства, Тор користел уште многу други видови на превоз. Такси, мото такси, Убер, минибуси, разни бродови...


Патувајќи, доживеал многу необични работи, па така може да каже дека во Сиера Леоне го поканиле на венчавка еден час по влегувањето во земјата. За Нигеријците тврди дека се едни од најљубезните луѓе во светот, додека во Јужна Африка би можел да јаде „кесо“ секој ден. Но, работата која најмногу ја памети ја доживеал во Кенија, кога го посетила неговата девојка, која веднаш потоа ја запросил.


Тор Педерсен моментално се наоѓа во Етиопија, а патувањето планира да го заврши оваа година на Малдивите, кои ги оставил како последна земја која ќе ја посети.




НАЈНОВО ОД ПАТУВАЊЕ  
ПАТУВАЊЕ
Оваа магична скриена плажа на остров крие смртоносна тајна
До скриената плажа на островот Мариета во близина на Пуерто Валарта во Мексико може да се дојде само со брод, односно со пливање низ тунел долг околу педесетина метри.
22.02.2017, 19:45


ПАТУВАЊЕ
Неверојатната убавина поради која возачите скршнуваат од патот
На пример, минатата година Исланд го посетиле повеќе туристи од САД отколку што има жители! А, да не зборуваме за туристите и од останатите земји...
21.02.2017, 19:39


СОВРШЕНИ ДЕСТИНАЦИИ
Која летна дестинација е совршена за Вас, според Вашиот хороскопски знак?
Доколку сте неодлучни во поглед на летните одмори, еве предлог за Вас – одберете ја следната дестинација според Вашиот хороскопски знак. Малку авантура во животот нема да Ви наштети, нели?
21.02.2017, 15:38


ПАТУВАЊЕ
Место покрај најдлабокото езеро во светот во кое ќе уживате во ледената библиотека
Библиотеката е составена од огромни блокови од мраз на кои се напишани желбите на луѓе од целиот свет, па можеме да заклучиме дека ледената библиотека има прилично интернационален избор.
20.02.2017, 17:10


ПАТУВАЊЕ
Враќање во осумдесеттите: Погледнете како изгледа хотелот „Joke”
Хотелот се наоѓа во непосредна близина на Мулен Руж, Монмартр, многу театри, а само стотина метри подалеку се наоѓа и автобуска станица од која поаѓаат автобуси за разгледување на градот.
17.02.2017, 20:30

НАЈЧИТАНИ 24чaса | 7дена | 30дена

Ретка прилика да погледнете во внатрешноста на главниот град на Северна Кореја
Истражете го главниот град на Северна Кореја, Пјонгјанг, во ова интригантно видео (time-lapse) од гр...
ПАТУВАЊЕ
Нацијата која мрази да доцни
ПАТУВАЊЕ
Враќање во осумдесеттите: Погледнете како изгледа хотелот „Joke”
ПАТУВАЊЕ
7 чуда на природата кои изгледаат како да не се од овој свет
ПАТУВАЊЕ
20 светски градови какви што не сте ги виделе досега

ВИДЕО ВЕСТИ

Како настанува бајката наречена “Dior couture фустан”?
Последната haute couture колекција на Dior беше диригирана од страна на италијански дизајнери, првите жени на чело на оваа реномирана француска куќа.
ПАТУВАЊЕ
Место покрај најдлабокото езеро во светот во кое ќе уживате во ледената библиотека
СЕВЕРНА КОРЕЈА
Ретка прилика да погледнете во внатрешноста на главниот град на Северна Кореја
ЗДРАВЈЕ
Ѝ пукнале силиконите: ”Со години ме труеја и ми правеа проблеми”

ФОТО  
Како се забавуваа децата пред да ги измислат паметните телефони?

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ
МОДА И УБАВИНА
Некогаш таа беше најубавото девојче во светот: Погледнете како изгледа сега како тинејџерка
ЉУБОВ И СЕКС
5 знаци дека мажот е добар во кревет
ЗДРАВЈЕ
Начинот на кој сите го готват оризот е штетен за здравјето
ПАТУВАЊЕ
Најбрзиот воз во светот: Кинезите се побрзи од Формула 1!
 

Вести
Mакедонија
Регион
Свет
Анализи

Спорт
Фудбал

Кошарка
Ракомет
Мотоспорт
Други спортови

Живот
Здравје
Модаи убавина
Љубов и секс
Патување
Kулинарство

Шоу Бизнис
Филм
Mузика
Селебрити
МК Сцена

Наука
Технологија
Автомобили
Забава
Еротика

Најнови
Најпопуларни
Фото
Видео
Интервју

 
Designed by
  Copyright © Точка Медиа 2005-2017 Контакт    Маркетинг   Импресум    
 
Вашето име:
Вашиот email:
Има на пријател:
Email на пријател:
Коментар: