Државниот универзитет „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) е рангиран на 1.990-то место на листата на 2.000 најдобри универзитети во светот за 2024 година објавена од страна на Центарот за рангирање на светски универзитети (CWUR).
УКИМ се најде на истата позиција како и на минатогодишното рангирање и сè уште е единствениот македонски универзитет кој се наоѓа на рангирањето на „CWUR“.Петте најдобро рангирани универзитети во светот, според листата се универзитетите Харвард, МИТ, Стенфорд (САД), Кембриџ и...