АРХИВА : CHAT : КИНО И ТЕАТАР    
Скопје
0
ВЕСТИСПОРТЖИВОТШОУ БИЗНИСПЛАНЕТААВТОМОБИЛИЗАБАВАЕРОТИКАФОТОВИДЕОИНТЕРВЈУ
НАСЛОВНАСПОРТШОУ БИЗНИССТИЛБИЗНИСПОЛИТИКА
Едуардо Тунзи: Тајните на италијанската кујна ќе ги откријам во „Веро“
19.11.2016 | 11:48
Извор: Точка
Прочитано: 2441 пати
Испрати на пријател
Зголеми го фонтот
Намали го фонтот

Тунзи ќе биде еден од неколкуте професионални готвачи кои што ќе приготвуваат храна и ќе делат совети за готвење на настанот „Италија виа Веро“ што од 25.11 до 27.11 2016 ќе се одржува во Веро Центар и Веро Тафталиџе.

Италијанска паста и сосови подготвени според традиционални рецепти, пици, брускети и други специјалитети од „чизмата“, залиени со вкусно италијанско кафе, ќе бидат презентирани пред македонските граѓани на настанот „Италија виа Веро“ што четврта година по ред го организира компанијата „Веро“. Професионални готвачи од Италија три дена ќе приготвуваат различна храна која што посетителите на настанот ќе може да ја дегустираат, а ќе им презентираат и различни техники на готвење, рецепти и совети. Италијанските денови од Веро ќе се одржуваат од 25.11 до 27.11 2016 во Веро Центар и Веро Тафталиџе. Дел од овој настан ќе биде и Италијанецот Едуардо Тунзи, професионален готвач кој на посетителите во Веро ќе им ги открива тајните на популарната италијанска кујна.

- Доаѓам од Апулија, регион во кој луѓето се раѓаат со задоволството за пробување и готвење добра храна, така што е многу лесно да стекнат пасија кон готвењето со оглед на тоа дека станува збор за широко распространета навика – вели Тунзи за нашиот медиум.

Местото на раѓање влијае врз сите, без оглед на полето во кое избрале да работат. Но, изгледа дека готвењето е една од областите каде што оваа врска се чувствува најсилно. Како вашето место на раѓање Ви влијае и Ве инспирира во работата?

- Во Апулија многу лесно ќе најдете многу различни состојки и прехранбени производи кои што лесно се користат и се комбинираат за да создадете вкусни рецепти според старите готварски традиции.


Семејните и другите блиски и лични врски исто така го формираат начинот на кој ги согледуваме и искусуваме нештата, особено храната. Кои се Вашите први сеќавања за храната дома и како тие Ве мотивираат денес?

- Како што е веќе знаат сите ентузијасти во готвењето, првите чекори во готвењето се учат од родителите – од вашата мајка, татко или уште подобро, од вашата баба. Благодарение на нив јас ги научив сите основни и традиционални рецепти кои и денеска сѐ уште ги користам.

Освен кафето, кое што е документирано во многу популарни филмови, Италијаните честопати се прикажуваат како пасионирани љубители на храна и готвење. Што ја прави Вашата врска со вкусните оброци толку силна?

- Очигледно, кафето во Италија е основен елемент во секојдневната рутина. Но, како што кафето може да биде различно во секој град, исто така и храната се менува во зависност од италијанскиот регион којшто го посетувате. Накратко, може да се каже дека секој ден сакаме да јадеме нешто ново.

Имајќи ја предвид оваа пасија, Италија дефинитивно може да се пофали со мноштво различни рецепти во различни региони на земјата. Кој Ви е најомилен од сите?

- Јас лично ја сакам храната од југот на Италија. Тоа е прекрасен микс од интензивни бои, мириси и вкусови од кои од самото гледање чувствувате задоволство. Јас доаѓам од северот на Италија каде што исто така може добро да јадете, но понекогаш тамошните рецепти многу се повторуваат.


Модерниот начин на живот и натрупаните распореди спречуваат многумина да најдат време за да зготват пристоен оброк. Кој е Вашиот совет во вакви ситуации, што е најдобро луѓето да направат?

- Денес нашиот животен стил е сменет, постојано живееме во брзање и сето ова придонесува да ја загубиме традицијата на готвење, па дури и на учењето да се готви. Мој совет е да најдете време за готвење за да се ослободите од стресот од секојдневната рутина. Може да направите вкусни работи за кратко време кои што може да бидат поздрави за вас и да ве направат позадоволни.

Паста и пица се најпознатите и најпопуларните италијански јадења, барем гледано отстрана, но сигурно земјата има многу други кои масовно се конзумираат. Кои се најинтересните италијански јадења за кои остатокот од светот не е свесен?

- Визијата на италијанската „ pasta pizza mandolino“ e широко распространета, но имаме илјадници различни рецепти со кои се гордееме. Но, особено во Бари (градот од каде потекнувам) сме добро познати по нашата пасија за подготвување и служење сирова морска храна од секој вид, можеби подобро и од Јапонците.

Готвењето и храната станаа многу популарна тема за споделување преку медиумите, особено на социјалните мрежи како што е Инстаграм. Што мислите за ова, дали Вие ги користите овие медиуми?

- Јас лично не користам Инстаграм, но верувам дека секој социјален медиум може да биде корисен за да се шири знаењето, исто така и во овој сегмент.


Наскоро доаѓате во Македонија. Што знаете или сте слушнале за нашата земја и храна, како и за Балканот генерално?

- За жал, не знам многу за вашата култура и традициите за готвење, така што ќе биде убаво изненадување да откријам што е можно повеќе додека сум таму.

Што може да очекуват посетителите на настанот во Веро, каква храна и идеи ќе им презентирате?

- Се надевам дека на сите посетители ќе им се допадне овој убав настан, како и вкусната храна која што ќе ја приготвуваме. Ќе им презентирам како може со малку труд и за кратко време да креираш уникатен вкус, така што сите ќе може да го пробаат истото дома.

НАЈНОВО ОД СТИЛ  
ТОЧКА ИНТЕРВЈУ
Елена и Далибор – „Армариум“: Индивидуалноста е новиот дрес код
Шармантни и супер дотерани, како за неверојатно снежното попладне во кое се сретнуваме ги запознав Елена Костадиновска и Далибор Добревски. Нивната идеја за уникатност и исполнување на желбите на клиентите ги донесе до создавање „Арамриум“.
18.01.2017, 14:39


ТОЧКА ИНТЕРВЈУ
Софка Камилоска: Кога готвам и на глас да планираш убиство, нема да те слушнам
Горда галичанка, вљубена во вкусови, сака пица со лук, растена е на козјо млеко, најстара од три деца. Ја знаете од „Софка за двајца“ на офф.нет или од град. Како и да е, ако ја знаеш, ја сакаш. Едноставно е :)
26.12.2016, 15:49


ТОЧКА ИНТЕРВЈУ
Влатко Галевски: Допирањето е врвот на довербата
Еден од луѓето на кои највеќе им се радувам кога ќе ги видам, затоа што приказните кои ги носи и начинот на кои ги раскажува, секој пат ме тера одново да го засакам нашето пријателство. За среќа се сретнуваме често…
28.11.2016, 11:14


ТОЧКА ИНТЕРВЈУ
Васил Зафирчев: За интуицијата мораме да го слушаме телото
Со широка насмевка и големите бадемасти очи ме пресретна Васил... му ја раскажувам идејата зад нашата средба и тој весело ми вели „Ајде, многу ми се допаѓа... да го направиме интервјуто“.
15.11.2016, 22:05


ИНТЕРВЈУ
Интервју со Марија Росоманова, тим лидер на KARMAPIX.com
KARMAPIX.com е светски направен македонски производ создаден со многу љубов, труд и посветеност за да биде македонската гордост препознатлива насекаде во светот. Примарен производ со кој започнува KARMAPIX приказната се дизајнирани фото книги за секоја пригода кои секој корисник на еден клик може да ги направи со своите омилени дигитални фотографии, a ги добива испечатени за миг бесплатно на својата адреса.
05.08.2016, 12:52

НАЈЧИТАНИ  

24 часа посветен на спортот: Интервју со Pro тренерот кој воведува нови методи на кошаркарските тренинзи во Македонија
Го запознавме Ивица Јаковлевски, човекот кој се надева дека ќе направи една револуција во кошаркарск...
ТОЧКА ИНТЕРВЈУ
Ева Пајковска и Љубица Б.Лазаревска, DUNA Events: Кога организацијата на настани ќе ја ставите во рацете на професионалци
ИНТЕРВЈУ
Интервју со Марија Росоманова, тим лидер на KARMAPIX.com
ТОЧКА ИНТЕРВЈУ
Софка Камилоска: Кога готвам и на глас да планираш убиство, нема да те слушнам
ТОЧКА ИНТЕРВЈУ
Билјана Серафимовска: Најмладата Македонка која "ги освои" Мон Блан, Елбрус и Килиманџаро



 

Вести
Mакедонија
Регион
Свет
Анализи

Спорт
Фудбал

Кошарка
Ракомет
Мотоспорт
Други спортови

Живот
Здравје
Модаи убавина
Љубов и секс
Патување
Kулинарство

Шоу Бизнис
Филм
Mузика
Селебрити
МК Сцена

Наука
Технологија
Автомобили
Забава
Еротика

Најнови
Најпопуларни
Фото
Видео
Интервју

 
Designed by
  Copyright © Точка Медиа 2005-2017 Контакт    Маркетинг   Импресум    
 
Вашето име:
Вашиот email:
Има на пријател:
Email на пријател:
Коментар: