АРХИВА : CHAT : КИНО И ТЕАТАР    
Скопје
0
ВЕСТИСПОРТЖИВОТШОУ БИЗНИСПЛАНЕТААВТОМОБИЛИЗАБАВАЕРОТИКАФОТОВИДЕОИНТЕРВЈУ
НАСЛОВНАСПОРТШОУ БИЗНИССТИЛБИЗНИСПОЛИТИКА
Васил Зафирчев: За интуицијата мораме да го слушаме телото
15.11.2016 | 22:05
Извор: Точка
Прочитано: 7113 пати
Испрати на пријател
Зголеми го фонтот
Намали го фонтот

Со широка насмевка и големите бадемасти очи ме пресретна Васил... му ја раскажувам идејата зад нашата средба и тој весело ми вели „Ајде, многу ми се допаѓа... да го направиме интервјуто“.

Најсвежо што му се случува е ТВ серијата „Преспав“ која секоја работен ден се емитува на ТВ Телма и во која Васил го толкува ликот на Марио. Тука е и ангажманот во претстави од редовниот репертоар на неговата матична куќа Театар „Џинот“ Велес, како што се „Ноќите во бел сатен“, „Приказни од шестиот кат“, „Федра“, „Старицата од Калкута“ и „Добрата надеж“.

А во тек се и подготовките на најновата претстава „Ана Комнена“ од Сашо Димоски, во режија на Ненад Витанов, во која ја толкува улогата на Учителот и чија премиера ќе биде на сцената на Велешкиот театар до крајот на годинава.


... кога завршивме заклучи: „поетични, метафизички и филозовски, сепак искрени до коска :)“

Засекогаш можам да слушам...

Тишина. Мојата тишина. Тишината од која почнувам и во која се враќам. Од која се раѓаат сите мои земји и светови, сите бои и сите слики мои, сите вистини и мои тајни. Имам тишина гласна, та дури бучна.

Во нејзиниот врескот го слушам стравот од сите минати стравови, остатоците од сета болка, сиот чемер и јад, како гласен потсетник за тоа кој сум, од каде сум, до каде сум и за каде сум. Но имам и тишина тивка, речиси нечујна. Тишина која сама доаѓа и сама си оди. Без мој знак на телото и душата.

Во таа тишина водам замислен дијалог со себеси. Во неа ги наоѓам одговорите на моите на глас неизговорени прашања. Ставам точки на сите мои недовршености. Запирки на сите свршетоци. Три точки на сите нови почетоци.


Последно што гледав а долго ќе го паметам...

Едни детски очи. Црни, мали и благо закосени. Помалку влажни и магливи. Небаре отсутни во својата присутност. Како да се овде а сепак гледаат оттаму, оддалеку, одназад. Со поглед меѓу неколку брзи трепкања кој смирува и смрзнува, кој зрачи со благост и прекорува. Очи како огледала, час јасни, час матни, во кои се отвораат слики од минатото и се затвораат во сегашноста.

За миг чиниш во нив е собрана сета светлина, сета вистинска и вечна убавина која ќе го спаси овој свет уморен од одново измислување на себеси. Сета чистина и добрина на душата и сиот мир на срцето која како на човештво ни недостига, а по кој толку очајно трагаме.

Во следниот миг тие очи од навидум нежни, наивни и детски добиваат превез на зрелост, мудрост и знаење на кои забораваме осмислувајќи го животот. За овие очи не постои нема, не можам и не сакам. Тоа се очи кои имаат се, кои можат се, кои сакаат се. Очи кои ја слават радоста на животот и секогаш го будат детете во мене. Она дете палаво, љубопитно и итро чучнато длабоко во секој од нас. Детето кое сака да си игра и бескрајно да ужива во таа игра наречена живот.


Уште можам да го почувствувам мирисот на...

Домот. Домот како припадност. Како своина која ми припаѓа и на која секогаш ќе и припаѓам. Како засолниште кога немам каде. Како прибежиште кога не знам како. Како уточиште кога сум во мир со себеси, кога уживам во сопствената осама или кога се противам на сопствената самотија.

Како извор на сите мои суштини и значења. Како одредиште на сите мои напори за создавање нови вредности и траења. И тој дом може да биде секаде каде што ни е срцето, зошто мирисот на тој дом ни е на облеката, по кожата, низ мислата. Само со мирисот на тој дом можеме да ги изградиме сите нови домови за сите идни и посакувани животи.

Целото тело ми реагира кога вкусувам...

Храна во нејзиното природно и изворно постоење, која во себе го чува вкусот на земјата од која изникнала и здивот на Сонцето кој вдахнува живот. Храна која дава, а не која зема енергија. Атоми на живот, не на насилност, болка и смрт.

Прана која телото ја препознава како чиста космичка енергија во нејзиниот најфин и најрафиниран облик. Храна која не е само телесна потреба, туку одраз на нашата највисока духовна свест. Почит кон природата и нејзините универзални закони. Кон принципите на ненасилност и љубов како највисока духовна должност на нашата цивилизација. Аллхемиска промена внатре во нас од кој се раѓа сета наша убавина.


Ми ја „гали кожата“ кога...

Прегнувам. Прегратката е една мала вечност која се случува во сегашниот миг. Движење кое е конечно, но кое патува. Последен и краен допир кој во себе ги содржи сите допири кои се случиле. Средба на две тела. На две души и нивните аури. Спојување и разделба која никогаш не станува. Почеток и крај кој никогаш не завршува. Како прибирање и раздавање. Од тело за тело, од душа за душа.

На интуицијата научив да и верувам

Уште како дете. Таа е мојот внатрешен глас кој мисли, чувствува, препознава и знае независно од мене. Знае за се случено и нестанато. За сето добро и убаво, сето лошо, грдо и неубаво. Таа е гласот на душата која вечно патувала низ времето. И тој глас е апсолутно непогрешив доколку знаеме да го слушаме.


Во поголемиот дел од денот живееме со мислата во главата, со мислата за тоа што сакаме да направиме. За интуицијата мораме да го слушаме телото. Да бидеме свесни за сите манифестации кои во него се случуваат. Да научиме да слушаме внатре во нас. Во тој микрокосмос кој е поеднакво важен како и целиот макрокосмос со кој сме толку многу опседнати.


ЗА АВТОРОТ

Во овој дел на порталот „Точка.мк“ ќе можете да ги следите моите интервјуа.

Тие ќе ги следат сетилата на гостите, односно нивното согледување на светот и животот низ петте основни сетила (вид, слух, мирис, вкус и допир) и интуицијата како шестто сетило. Холистички пристап кој ќе дозволи интимно да ги запознаете моите говорници.

Отсекогаш сметам, дека една од моите најголеми предности е опкружувањето со луѓе кои не се плашат да им веруваат сетилата и кои дозволуваат оние околу нив да учат низ нивното искусување. Тоа се надевам, дека на овие „страници“ ќе најдете инспирација, идеја, начин, поинаков поглед, ќе откриете нова уметност, филм, книга, музика...

Искрено сонувам дека овие интервјуа ќе отворат теми за размислување, идеи, начин на соочување со реалноста што кај Вас ќе предизвика скокоткање на разбудена фантазија.

На кое од Вашите сетила Вие најмногу се потпирате? :)

Искрено,
Ана

НАЈНОВО ОД СТИЛ  
ТОЧКА ИНТЕРВЈУ
Елена и Далибор – „Армариум“: Индивидуалноста е новиот дрес код
Шармантни и супер дотерани, како за неверојатно снежното попладне во кое се сретнуваме ги запознав Елена Костадиновска и Далибор Добревски. Нивната идеја за уникатност и исполнување на желбите на клиентите ги донесе до создавање „Арамриум“.
18.01.2017, 14:39


ТОЧКА ИНТЕРВЈУ
Софка Камилоска: Кога готвам и на глас да планираш убиство, нема да те слушнам
Горда галичанка, вљубена во вкусови, сака пица со лук, растена е на козјо млеко, најстара од три деца. Ја знаете од „Софка за двајца“ на офф.нет или од град. Како и да е, ако ја знаеш, ја сакаш. Едноставно е :)
26.12.2016, 15:49


ТОЧКА ИНТЕРВЈУ
Влатко Галевски: Допирањето е врвот на довербата
Еден од луѓето на кои највеќе им се радувам кога ќе ги видам, затоа што приказните кои ги носи и начинот на кои ги раскажува, секој пат ме тера одново да го засакам нашето пријателство. За среќа се сретнуваме често…
28.11.2016, 11:14


ТОЧКА ИНТЕРВЈУ
Едуардо Тунзи: Тајните на италијанската кујна ќе ги откријам во „Веро“
Тунзи ќе биде еден од неколкуте професионални готвачи кои што ќе приготвуваат храна и ќе делат совети за готвење на настанот „Италија виа Веро“ што од 25.11 до 27.11 2016 ќе се одржува во Веро Центар и Веро Тафталиџе.
19.11.2016, 11:48


ИНТЕРВЈУ
Интервју со Марија Росоманова, тим лидер на KARMAPIX.com
KARMAPIX.com е светски направен македонски производ создаден со многу љубов, труд и посветеност за да биде македонската гордост препознатлива насекаде во светот. Примарен производ со кој започнува KARMAPIX приказната се дизајнирани фото книги за секоја пригода кои секој корисник на еден клик може да ги направи со своите омилени дигитални фотографии, a ги добива испечатени за миг бесплатно на својата адреса.
05.08.2016, 12:52

НАЈЧИТАНИ  

24 часа посветен на спортот: Интервју со Pro тренерот кој воведува нови методи на кошаркарските тренинзи во Македонија
Го запознавме Ивица Јаковлевски, човекот кој се надева дека ќе направи една револуција во кошаркарск...
ТОЧКА ИНТЕРВЈУ
Ева Пајковска и Љубица Б.Лазаревска, DUNA Events: Кога организацијата на настани ќе ја ставите во рацете на професионалци
ИНТЕРВЈУ
Интервју со Марија Росоманова, тим лидер на KARMAPIX.com
ТОЧКА ИНТЕРВЈУ
Софка Камилоска: Кога готвам и на глас да планираш убиство, нема да те слушнам
ТОЧКА ИНТЕРВЈУ
Билјана Серафимовска: Најмладата Македонка која "ги освои" Мон Блан, Елбрус и Килиманџаро



 

Вести
Mакедонија
Регион
Свет
Анализи

Спорт
Фудбал

Кошарка
Ракомет
Мотоспорт
Други спортови

Живот
Здравје
Модаи убавина
Љубов и секс
Патување
Kулинарство

Шоу Бизнис
Филм
Mузика
Селебрити
МК Сцена

Наука
Технологија
Автомобили
Забава
Еротика

Најнови
Најпопуларни
Фото
Видео
Интервју

 
Designed by
  Copyright © Точка Медиа 2005-2017 Контакт    Маркетинг   Импресум    
 
Вашето име:
Вашиот email:
Има на пријател:
Email на пријател:
Коментар: