АРХИВА : CHAT : КИНО И ТЕАТАР    
Скопје
5
ВЕСТИСПОРТЖИВОТШОУ БИЗНИСПЛАНЕТААВТОМОБИЛИЗАБАВАЕРОТИКАФОТОВИДЕОИНТЕРВЈУ
НАСЛОВНАСПОРТШОУ БИЗНИССТИЛБИЗНИСПОЛИТИКА
Васил Филипов, управител на Пирин Експорт: Сауната е повеќе од задоволство. Таа е извор на здравје!
15.09.2016 | 10:56
Извор: Точка
Прочитано: 11482 пати
Испрати на пријател
Зголеми го фонтот
Намали го фонтот

Иако повеќето луѓе ја доживуваат како луксуз и место за уживање, сауната обезбедува бројни позитивни ефекти врз здравјето на луѓето. Всушност, благодетите од користењето на сауна се многубројни, а меѓу нив се вбројуваат и позитивното влијание врз општата состојба на духот и телото, длабинска детоксикација, подобрување на циркулацијата на крвта, а сауната позитивно влијае и на сонот и имунитетот.

Колку често Македонците посетуваат сауна?

Васил: Стресот кој го носи брзото темпо на живот, се поголемите секојдневни обврски и брзиот биоритам се повеќе ја наложуваат потребата од релаксација и ослободување на стресот. Тоа е и причина помладата генерација на менаџери и бизнисмени кои можат да си дозволат финансии и време за релаксација често да си дозволат по некое спа-уживање, како што се бањи, масажи и сауни. Во последно време освен посета на спа-центри се повеќе станува пракса и изградба на мини спа центри во сопствените домови или монтажа на сауни.

Комодитет кој си го дозволуваат бизнисмените и менаџерите свесни за влијанието врз нивното здравје. Токму поради тоа речиси и да нема хотел и фитнес центар кој нема сауна и мини спа центар. Тие што пробале сауна брзо ги осетија бенефитите и таа е веќе дел од нивниот секојдневен живот.

Кои се ефектите врз здравјето?

Васил: Иако повеќето луѓе ја доживуваат како луксуз, место за уживање, сауната обезбедува бројни позитивни ефекти врз здравјето на луѓето. Медицинските лица ја препорачуваат сауната при повреда или истегнување на мускулите, лигаментите и тетивата, реума, артритис, хронична болка во вратот, грбот и мускулите. Не е случајно што научниците од Харвард директно го поврзуваат честото користење на сауна со намалување на кардиоваскуларните болести и проблемите со срцето. Тие истакнуваат дека со редовна посета на сауна се ослободуваме од стресот, се намалуваат болките во мускулите и зглобовите, а посебен бенефит од неа имаат луѓето со висок крвен притисок, висок холестерол и диабетис. Не е случајно, зошто во Финска има над 3,3 милиони сауни, речиси во секој дом и канцеларија, а Финска брои 5,5 милиони жители.


Благодетите од користењето на сауна се многубројни, а меѓу нив се вбројуваат и позитивното влијание врз општата состојба на духот и телото, длабинска детоксикација, подобрување на циркулацијата на крвта, а сауната позитивно влијае и на сонот и имунитетот.

Колку чини една сауна и колкави се трошоците за нејзино одржување?

Васил: Една комплетно опремена сауна за домашна употреба која се сместува во стан, бања, остава, спална соба, чини околу 1800 а цената варира зависно од опремата и материјалите кои ќе се вградат.

Трошоците за користење на сауна на месечна база, ако се користи 3 пати неделно (вклучена печка 1час, зависно од јачината на печката), ќе се потроши струја во вредност од 200 - 500 денари месечно. А за загревање на сауната до посакуваната температура, вообичаено потребни се 35 - 50 минути, зависно од температурата што сакате да се постигне. Сауната лесно се одржава, што ја прави вистинска инвестиција во здравјето на долг рок.


Колку време е препорачливо да се седи во сауна?

Васил: Сесијата во Финска сауна обично трае од 10 до 15 минути, а температурата варира од 70 - 110 степени Целзиусови. Но тоа е индивидуално, и варира според можностите и потребите на секој поединец. Она што треба да се знае е дека при високи температури кои се постигнуваат во сауна, телото лачи зголемен број на бели крвни зрнца, што помага при превенција од болестите и вирусите.

Сауните го оневозможуваат затнувањето на синусите при настинки и алергии, особено во комбинација со пареа, која се добива при истурање на вода врз вулканските камења. Во водата може да се додада еукалиптус/пеперминт или друга арома за дополнително уживање и прочистување на дишните патишта. Така што во услови на загаденост сауната е особено потребна и е прашање на здравјето.

Што е новитет на ова поле?

Васил: Дефинитивно тоа е сауна со хималајска кристална сол. Хималајската сол која е вградена во тулите на сауната, ја прочистува кожата, корисна е за третирање на акни, помага при проблеми со псоријаза или егзема, го зајакнува имунолошкиот систем и го детоксицира телото. Таа исто така е корисна за луѓе кои имаат проблеми со дишните патишта, поленска грозница, со циркулација и хроничен умор. А оние кои ја пробале несомнено ќе констатираат дека користењето на Сауна со хималајска кристална сол е уникатно релаксирачко искуство.


Во услови на голема загаденоста на воздухот, особено во зимскиот период и тоа посебно во градските средини, не можеме едноставно да се затвориме дома и да се изолираме од светот. Но она што можеме да го направиме е да создадеме услови, со кои ќе си помогнеме да се исчистиме од сите отрови кои секојдневно ги вдишуваме. Хималајска сауна има антибактериско својство, го разредува и го олеснува исфрлањето на секретот и го олеснува дишењето. При вдишување на воздухот, солта патува низ синусите и дишните патишта, ја апсорбира влагата, ги чисти дишните патишта и ги уништува бактериите. Ја стабилизира неправилната работа на срцето, го регулира сонот, го успорува процесот на стареење. Навистина неверојатно!

НАЈНОВО ОД БИЗНИС  
ТОЧКА ИНТЕРВЈУ
Златко Муцунски: Audi Q5 е нашата нова звезда која уште на прв поглед ќе ве плени со својот импресивен изглед
Максимално прилагоден на потребите на љубителите на Ауди, нашиот нов знаменосец во премиум сегментот ја следи традицијата и нуди многу простор, удобност и безбедност а ќе ве изненади и со изобилството на hi-tech опрема.
21.02.2017, 13:38


ТОЧКА ИНТЕРВЈУ
Панче Стоименовски, маркетинг менаџер на Мебел-Ви: Купувањето он-лајн не е табу-тема во Македонија
Мебел-Ви Дооел Виница е компанија за производство и продажба на мебел, која постои од 1997 година. Таа, оваа година ќе го прослави својот јубилеен 20-ти роденден. Како компанија, Мебел-Ви веќе се позиционира на лидерското место на пазарот во Македонија и нуди вработувања на повеќе од 170 високо обучени лица.
08.02.2017, 15:30


ИНТЕРВЈУ
Никола Илиевски, Менаџер во A&Е Груп: Tonino Lamborghini е кафе кое е симбол на италијанската култура и традиција
Прочитајте го интервјуто со Никола Илиевски, Менаџер во A&Е Груп, дистрибутер на ексклузивните кафиња и чаеви Tonino Lamborghini, и дознајте нешто повеќе за овој премиум бренд!
13.01.2017, 15:38


ИНТЕРВЈУ
Интервју со инженерите во GEO-ING, производно претпријатие за обработка на дрво - Германска школа на Македонски терен
Дипломираниот инженер Петар Георгиевски и архитектот Ана Савева ги запознавме при финалната изведбата на дрвена фасада на еден модерен објект, семејна куќа во Скопје. Заедно ја водат компанијата Гео-Инг дрвоградба, http://www.geo-ing.com/производно претпријатие кое се занимава со обработка на дрво и дрвени конструкции како и изведба на монтажни објекти според најсовремена компјутерски поддржана технологија.
20.12.2016, 12:38


ТОЧКА ИНТЕРВЈУ
Нина Ангеловска: Најважната особина на вработениот во новиот технолошки свет е брзото учење и адаптирање
Брзо оди, брзо зборува а уште побрзо типка на тастатурата од телефонот. Има една од најубавите насмевки и остра, но освежувачка, искреност. Често вели „Никогаш не се жали“. Невозможно е да седиш спроти неа а да не те инспирира и плени со својот шарм, ентузијазам, амбиција, ведрина и решителност. На моја радост, на крајот од работниот ден, се сретнавме во „Carpe Diem“, на чаша добро вино затоа што знам дека Нина е љубител и веќе задоволително искусен дегустатор и уживач...
02.12.2016, 11:24

НАЈЧИТАНИ  

24 часа посветен на спортот: Интервју со Pro тренерот кој воведува нови методи на кошаркарските тренинзи во Македонија
Го запознавме Ивица Јаковлевски, човекот кој се надева дека ќе направи една револуција во кошаркарск...
ТОЧКА ИНТЕРВЈУ
Ева Пајковска и Љубица Б.Лазаревска, DUNA Events: Кога организацијата на настани ќе ја ставите во рацете на професионалци
ТОЧКА ИНТЕРВЈУ
Елена и Далибор – „Армариум“: Индивидуалноста е новиот дрес код
ТОЧКА ИНТЕРВЈУ
Софка Камилоска: Кога готвам и на глас да планираш убиство, нема да те слушнам
ИНТЕРВЈУ
Васил Филипов, управител на Пирин Експорт: Сауната е повеќе од задоволство. Таа е извор на здравје!



 

Вести
Mакедонија
Регион
Свет
Анализи

Спорт
Фудбал

Кошарка
Ракомет
Мотоспорт
Други спортови

Живот
Здравје
Модаи убавина
Љубов и секс
Патување
Kулинарство

Шоу Бизнис
Филм
Mузика
Селебрити
МК Сцена

Наука
Технологија
Автомобили
Забава
Еротика

Најнови
Најпопуларни
Фото
Видео
Интервју

 
Designed by
  Copyright © Точка Медиа 2005-2017 Контакт    Маркетинг   Импресум    
 
Вашето име:
Вашиот email:
Има на пријател:
Email на пријател:
Коментар: