Екипата на Рома синоќа пред своите навивачи на Олимпико во Рим беше поразена од екипата на Каљари со 4-2.
Во првиот натпревар од 23. коло од италијанската Серија А, екипата на Рома беше декласирана пред своите навивачи на Олимпико од екипата на Каљари. Гостите четири пати ја тресеа мрежата на домаќинот и на најдобар можен начин се реваншираа за поразот од 3-0 во првиот дел од актуелната сезона.
Каљари имаше водство од 4. минута со голот на Наинголан, но домаќините се вратија во игра со голот на Франческо Тоти во 35. минута и тоа беше се` од Рома на вчерашниот натпревар. За ново водство на гостите се погрижи голманот на Рома кој на бизарен начин сам ја смести топката во неговата мрежа, а Сау и Писано погодија за високи 4-1 за Каљари. Рома во последната минута од судиското продолжение намали на 4-2 со голот на Маркињо.
Во спектакуларната завршница од овогодишната Лига на шампиони, екипата на Баерн Минхен славеше со 2-1 над екипата на Борусија Дортмунд и ја освои својата петта европска титула.
Извршниот одбор на УЕФА денес одлучи да воведе минимална казна од 10 натпревари суспензија за играчите и останатите официјални спортски лица за навреди на расна основа.
Фудбалската федерација на Македонија вчера приреди традиционален коктел пред финалето од Националниот Куп, а на коктелот присуствуваа и директните виновници за синоќешните инциденти и прекин на натпреварот, пренесува мкд.мк.