АРХИВА : CHAT : КИНО И ТЕАТАР    
Скопје
12
ВЕСТИСПОРТЖИВОТШОУ БИЗНИСПЛАНЕТААВТОМОБИЛИЗАБАВА18+ФОТОВИДЕОИНТЕРВЈУ
НАСЛОВНАЕУРО 2016ФУДБАЛКОШАРКАРАКОМЕТМОТОСПОРТДРУГИ СПОРТОВИБИЗНИС ЛИГА
Државата го одврза ќесето, Иџе меѓу првите корисници на средствата!
07.02.2017 | 10:51
Извор: Derbi.mk
Прочитано: 487 пати
Испрати на пријател
Зголеми го фонтот
Намали го фонтот

Македонскиот пилот Игор Стефановски Иџе се соочуваше со неизвесност дали ќе ги продолжи настапите во Европскиот куп на кружни патеки, откако првата сезона ја заврши со победа во Имола, но и со раскин на договорот со словенечкиот клуб „Лема рејсинг“.

Двократниот европски шампион на ридски патеки ја покажа својата вредност и во новото натпреварување, но за 2017 година се уште ги нема обезбедено сите потребни средства. Првата позитивна вест е тоа што тој е дел од објавените имиња на корисници од средствата што ги доделува Агенцијата за спорт и млади од давачката за спортските обложувалници и автомат клубови, а кои се дополнителен извор на приходи покрај оние што се предвидени со буџетот на РМ. Агенцијата за млади и спорт претходно додели 6,6 милиони денари на ракометната федерација за учество на светското сениорско првенство и за организација на квалификацискиот мундијалски турнир на младите репрезентации, а овој пат распредели 21,6 милиони денари на 40 спортски федерации.

Стефановски е најпозитивниот пример во македонскиот авто спорт и државата одвои 2.5 милиони денари наменски средства согласно поднесената Годишна програма на Автомобилистичката федерација.

– Во нашата поднесена програма покрај основните средства кои се потребни за функционирањето на федерацијата, од АМС беа побарани средства за организација на три трки од домашното првенство на ридски патеки (Водно, Пробиштип, Пониква), при што Водно е меѓународна трка и ќе се бодува за календарот на ФИА ЦЕЗ. Вкупно шест македонски возачи ќе настапуваат на меѓународни трки, од кои Игор Стефановски – Иџе во ЕТСС, а уште пет други во различни категории на ФИА ЦЕЗ. Во овој момент, Агенцијата за млади и спорт одобри наменски средства кои ќе бидат уплатени на посебна сметка само за настапот на Игор Стефановски. Очекуваме дека со новиот Закон ќе добиеме средства и за реализирање на другите ставки од нашата програма,- изјави за „Дерби“ претседателот на Автомобилистичката федерација на Македонија, Павле Доневски.

Според искуствата од минатата година, Стефановски за сезоната 2017 година има потреба од вкупен буџет кој изнесува околу 300.000 евра, а овие средства се околу 15% од таа сума. Техничките трошоци за подготовката на возилото се најголемата ставка со околу 110 илјади евра, а само котизацијата за учество во ЕТСС изнесува 22 илјади евра, по што следат трошоците за патување и за потрошен материјал како што се пневматиците и горивото.

Согласно одлуката на Агенцијата за млади и спорт од јануари, во оваа распределба на средства опфатени се уште федерации, од кои кошаркарската ќе добие 1,8 милиони денари, одбојкарската ќе добие 0,8 милиони денари, кајакарската ќе добие 1,2 милиони денари, тениската федерација ќе добие 0,76 милиони денари, ракометната ќе добие нови средства од дополнителни 1,2 милиони денари, карате федерацијата ќе добие 1,4 милиони денари и таеквондо федерацијата ќе добие 0,74 милиони денари. Уште 30 други федерации ќе бидат помогнати со соодветни средства, а за училишниот спорт се одвоени околу 2 милиона денари.

НАЈНОВО ОД МОТОСПОРТ  
ФОРМУЛА 1
Култхард не верува во чудо во Мекларен
Возачот со најголем стаж во Мекларен, Дејвид Култхард и со 150 трки за тимот зад себе, смета дека би било рамно на чудо и магија доколку Мекларен Хонда станат конкурентни годинава.
22.03.2017, 19:00


ФОРМУЛА 1
Верстапен и Рикардо бараат повеќе
Даниел Рикардо смета дека се на половина секунда од Мерцедес и е дециден дека овогодишната тест програма на тимот од Милтон Кинс е најдобра откако тој е во екипата.
22.03.2017, 17:17


ФОРМУЛА 1
Перез смета дека сè е можно во Австралија
Серхио Перез потенцира дека многу е важно за екипата да бидат колку што е можно подобро подготвени за отварањето на сезоната во Австралија.
21.03.2017, 18:00


ФОРМУЛА 1
Бриаторе не е импресиониран од Ферари
Поранешниот тимски шеф на Рено и Ферари, Флавио Бриаторе, не верува дека Ферари одненадеж нашле формула за успех и враќање на победничките патеки.
21.03.2017, 16:06


ФОРМУЛА 1
Берни не сака да биде критикуван
Берни Еклстон вели дека стои цврсто на својата одлука да ја однесе Формула 1 на нови територии низ светот.
20.03.2017, 18:30

НАЈЧИТАНИ 24чaса | 7дена | 30дена

Пике не смее да дојде на свадбата на Меси - причината како од Шпанска серија
Лионел Меси на 24-ти јуни ќе се ожени со својата долгогодишна девојка со која има два сина, Антонела...
ФУДБАЛ
Фергусон откри интересна приказна: Се обидов да го ангажирам Малдини, но наидов на една голема пречка
ФУДБАЛ
Балак испрати совет до Озил за можниот трансфер во Фенербахче
ФУДБАЛ
Трансфер лудило, Сити нуди 150 милиони евра за Донарума
ФУДБАЛ
Шпанците на големо зборуваат за ново незаборавно предавство: Барселона со формална понуда за заборавениот „небрусен дијамант“ на Зизу!

ВИДЕО ВЕСТИ

Нов рекорд за Голден Стејт
Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс изминатата ноќ забележаа победа во Далас 112:87 и се запишаа во историјата на НБА лигата.
КОШАРКА
Казинс сам го победи Мемфис
КОШАРКА
Најдобрите 50 потези во кариерата на Мајкл Џордан
КОШАРКА
Соиграчите спречија тепачка помеѓу Кари и Вестбрук

ФОТО  
Скејт сцената во 70-тите, Јужна Калифорнија преку очите и објективот на Hugh Holland

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ
ТЕНИС
Српските медиуми објавија шокантни фотографии: Застрашувачката состојба на Ѓоковиќ не ветува ништо добро!
ФУДБАЛ
Талентот на Реал ја остави Холандија во бунило: Теледиригираниот пас на Одегард ја направи смешна цела противничка одбрана
ФУДБАЛ
Ето доби необично роденденско изненадување од соиграчите, па нервозно го напушти тренингот
ФУДБАЛ
Хумелс спаси чист гол со брилијантна реакција и го воодушеви Нојер
 

Вести
Mакедонија
Регион
Свет
Анализи

Спорт
Фудбал

Кошарка
Ракомет
Мотоспорт
Други спортови

Живот
Здравје
Модаи убавина
Љубов и секс
Патување
Kулинарство

Шоу Бизнис
Филм
Mузика
Селебрити
МК Сцена

Наука
Технологија
Автомобили
Забава
Еротика

Најнови
Најпопуларни
Фото
Видео
Интервју

 
Designed by
  Copyright © Точка Медиа 2005-2017 Контакт    Маркетинг   Импресум    
 
Вашето име:
Вашиот email:
Има на пријател:
Email на пријател:
Коментар: