АРХИВА : CHAT : КИНО И ТЕАТАР    
Скопје
5
ВЕСТИСПОРТЖИВОТШОУ БИЗНИСПЛАНЕТААВТОМОБИЛИЗАБАВА18+ФОТОВИДЕОИНТЕРВЈУ
НАСЛОВНАЕУРО 2016ФУДБАЛКОШАРКАРАКОМЕТМОТОСПОРТДРУГИ СПОРТОВИБИЗНИС ЛИГА
Порази на Кливленд и Хјустон, трипл дабл на Вестбрук
12.01.2017 | 10:48
Извор: Макфакс
Прочитано: 594 пати
Испрати на пријател
Зголеми го фонтот
Намали го фонтот

Поразите на Кливленд и Хјустон, односно 18-от сезонски трипл дабл на Расел Вестбрук ги обележаа натпреварите кои во НБА лигата се одиграа изминатата ноќ.

Актуелниот првак Кливленд го забележа вториот пораз на турнејата по Западот. Портланд предводен од Си-Џеј Мекалум го победи Кливленд 102:86. Мекалум мечот го заврши со 27 поени, 21 тој реализира во второто полувреме. Портланд четврата година во низа бележи триумф над Кливленд пред своите навивачи. Леброн Џејмс со 20 поени и 11 скокови беше најдобриот играч на шампионот на овој натпревар.



Минесота успеа да го победи Хјустон 103:95. Хјустон го запиша првиот пораз по серијата од девет победи. Ендрју Вигинс со 28, односно Карл-Ентони Таунс со 23 поени и 18 скокови ја предводеа Минесота, додека Рики Рубио го израмни личниот и рекордот на франшизата со 17 асистенции.

Хјустон го предводеше Џејмс Харден со 33 поени, 12 асистенции и шест скокови, но и шест загубени топки.

Оклахома забележа победа над Мемефис 103:95, а Расел Вестбрук го запиша 18-от трипл дабл во сезоната. До 55-от трипл дабл во кариерата Вестбрук стигна со 24 поени, 13 скокови и 12 асистенции. Тој веќе го израмни својот рекорд од минатата сезона, кога стана првиот играч уште од Менџик Џонсон и сезоната 1981/1982 со таков трипл дабл учинок.

Оклахома, кога Вестбрук ќе забележи трипл дабл, во последните две сезони има 33 победи и три порази, а оваа сезона тој однос е 15-3.



Ајзеа Томас постигна 38 поени, 20 од нив во последната четвртина и го однесе Бостон до победа против Вашингтон 117:108. Кај Вашингтон се истакна Бредли Бил со 35 поени.

Ти-Џеј Меконел постигна поени со звукот на сирената со кои Филаделфија го порази Њујорк 98:97. Њујорк го забележа деветтиот пораз на последните десет натпревари.



ЛА Клиперс против Орландо ја запишаа петтата победа во низа. Клиперси предводени од Џеј Џеј Редик (22 поени) и Крис Пол (18 поени) го совладаа Орландо 105:96.

НАЈНОВО ОД КОШАРКА  
КОШАРКА
Реџи Милер отворено: Ова е разочарувачки, Ол-старот беше чиста комедија
Еден од најдобрите тројкаши во историјата на НБА и некогашна ѕвезда на Индијана Пејсерс, Реџи Милер отворено и без влакна на јазикот говореше за овогодинешниот Ол-стар натпревар во Њу Орлеанс.
22.02.2017, 20:00


КОШАРКА
Дабовиќ се огласи по немилиот настан: Симон ме претепа, многу сум потресена!
Атрактивната српска кошаркарка, Милица Дабовиќ се огласи во јавноста по немиот настан и нападот врз неа од страна на нејзиното момче Шиме Шиклиќ Симон.
20.02.2017, 13:17


КОШАРКА
Сакраменто го размени Казинс во Њу Орлеанс
Сакраменто Кингс објавија дека еден од најдобрите центри во НБА лигата, Демаркус Казинс, го размениле во Њу Орлеанс за тројца играчи и неколку избори на престојниот драфт.
20.02.2017, 10:50


КОШАРКА
Паѓаа рекорди на Ол-стар натпреварот, Западот победи, Дејвис МВП
Кошаркарите на Западната конференција ги победија колегите од Истокот со 192:182 во 66-от натпревар на „Сите ѕвезди“ во НБА лигата.
20.02.2017, 09:32


КОШАРКА
Џамал Мари го одбележа мечот на младите ѕвезди и го одведе Тимот на светот до победа
Традиционално, НБА Олстар викендот стартуваше со пресметката меѓу младите ѕвезди од Америка и останатиот дел од светот, а овојпат во спектаклот во Њу Орлеанс како подобар се покажат тимот од светот кој на крајот победи во ултра офанзивниот меч кој заврши 150:141.
18.02.2017, 12:23

НАЈЧИТАНИ 24чaса | 7дена | 30дена

Црногорец го погоди невозможното, 6+ на Сити и точно 6 голови на Атлетико, заработи 13.500 евра
Фудбалската Лига на шампиони, во вторникот, на фудбалските фанови им понуди вистински спектакл, а на...
ФУДБАЛ
Обична фотографија од соблекувалната откри чудна и мистериозна тајна на ѕвездата на Јувентус
ФУДБАЛ
Фалкао изрежира спектакуларна лоб бравура, Сити со луд пресврт го победи Монако на „Итихад"
ФУДБАЛ
Флорентино Перез го сака Меси во Реал!?
ФУДБАЛ
Може ли „росонерите" да останат без најголемиот талент: Раиола го „буши" договорот на Донарума со Милан

ВИДЕО ВЕСТИ

Алегри на нестварен начин ги погоди двете замени кои му донесоа победа на Јуве, Варди му даде живот на Лестер во Севилја
Масимлијано Алегри се најде под жесток притисок поради тоа што одлучи да го отстрани Леонардо Бонучи од тимот во пресрет на важниот дуел со Порто во Лигата на шампионите, но сепак на крајот херојт на првиот осминафинален дуел меѓу овие два тима кој се одигра на „Драгао“ е токму тренерот на Јувентус кој на нестварен начин ги погоди двете замени кои му донесоа победа од 0:2.
ФУДБАЛ
Нереално - oва го нема никаде: Замена со грб спаси погодок на гол линија, играчите „мртви-ладни“
ФУДБАЛ
Гризман се обиде да му се меша во работата на Симеоне, следеше казна и добра лекција од Аргентинецот
ФУДБАЛ
„Новиот Анри“ со два брилијантни потези го посрамоти стоперот на Гвардиола и стана топ тема на интернет

ФОТО  
Летна Параолимпијада 2016

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ
ФУДБАЛ
Ракитиќ откри дека Меси му ја купил куќата на својот сосед поради бизарна причина
ФУДБАЛ
Џон Тери го доведе до совршенство необичниот трик на Озил, Давид Луиз остана воодушевен
ФУДБАЛ
Мурињо откри кон колку играчи Јунајтед ќе цели во летниот преоден рок
ФУДБАЛ
15 години подоцна: Роналдо откри што се крие зад неговата најлуда фризура која беше хит на СП
 

Вести
Mакедонија
Регион
Свет
Анализи

Спорт
Фудбал

Кошарка
Ракомет
Мотоспорт
Други спортови

Живот
Здравје
Модаи убавина
Љубов и секс
Патување
Kулинарство

Шоу Бизнис
Филм
Mузика
Селебрити
МК Сцена

Наука
Технологија
Автомобили
Забава
Еротика

Најнови
Најпопуларни
Фото
Видео
Интервју

 
Designed by
  Copyright © Точка Медиа 2005-2017 Контакт    Маркетинг   Импресум    
 
Вашето име:
Вашиот email:
Има на пријател:
Email на пријател:
Коментар: