АРХИВА : CHAT : КИНО И ТЕАТАР    
Скопје
11
ВЕСТИСПОРТЖИВОТШОУ БИЗНИСПЛАНЕТААВТОМОБИЛИЗАБАВАЕРОТИКАФОТОВИДЕОИНТЕРВЈУ
НАСЛОВНАСИТЕ ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОНСВЕТAНАЛИЗИ
Избрани петте партнери за иновации на Т брендот за 2013 година
19.04.2013 | 15:29
Извор: Точка
Прочитано: 1473 пати
Испрати на пријател
Зголеми го фонтот
Намали го фонтот

Македонски Телеком АД Скопje- Денеска беа објавени петте избрани идеи на конкурсот „Партнер за иновации” организиран од страна на Македонски Телеком АД – Скопје и Т-Мобиле Македонија.

Наградата за петте избрани проекти, кои ќе се реализираат во 2013 година е во вредност од 100.000 евра, а дополнително на располагање ќе бидат ставени сите ресурси на Т брендот во Македонија, вклучувајќи ги експертските тимови и целокупната инфраструктура и корисничка база на двете компании.

Петте партнер проекти се: „T-Care" (виртуелна средина базирана на вештачка интелигенција), „МаркетКонект” (веб платформа за онлајн трговија) „Smart Wine" (M2M cloud решение за интелигентно следење на земјоделските параметри), „CollaboDox” (систем за соработка меѓу различни платформи) и „Cloud Message" (систем за мобилно споделување пораки и рекламирање).


„Иновациите се клучот за успех и одржливост на пазарот, а стратегијата на Телеком Групацијата не е само да развива и да нуди сопствени иновации, туку исто така успешно да ги интегрира иновациите од надворешни партнери. Убеден сум дека заедно можеме да ги понудиме најдобрите иновативни комуникациски решенија за Поврзан живот и работа”, изјави Тило Куш, Главен извршен директор на Македонски Телеком АД – Скопје.


Конкурсот започна на 12ти декември 2012 и траеше до 15 февруари годинава, а за време на овој период се пријавија 78 иновативни идеи од страна на поединци и компании во Македонија. Конечниот избор на петте концепти кои најуспешно ги следеа поставените критериуми, како и стратешките определби и планови на компанијата, го направи експертска жири комисија составена од двете компании.

На конкурсот можеа да учествуваат сите заинтересирани, а целта беше да се инспирира и развие мрежата на иноватори, кои со своите сјајни идеи можат да придонесат за развој на е-општеството и збогатување и подобрување на секојдневието на македонските граѓани. Следен чекор е развивање и имплементација на петте најдобри проекти.


„Нашата мисија е да го инспирираме целокупниот бизнис сектор во Македонија, затоа што тоа значи унапредување на македонската економија воопшто. Вистински предизвик беше да се изберат само пет решенија од многуте пристигнати. Учесниците со своите сјајни идеи го потврдија фактот дека во Македонија има мрежа на иноватори која може да нè промовира и во меѓународни рамкиˮ, изјави Жарко Луковски, Главниот извршен директор на Т-Мобиле Македонија.


Процесот на иновација не завршува овде, но продолжува и понатаму. Македонски Телеком и Т-Мобиле, како лидери во иновациите на македонскиот пазар, секогаш оставаат простор за нови идеи и предлози, кои заедно можат да создадат една вистинската светска иновација. Сите заинтересирани можат да ги достават своите предлози на innovationpartner@telekom.mk.

Факти и бројки

- Конкурсот „Партнер за иновацииˮ на Македонски Телеком АД – Скопје и Т-Мобиле Македонија започна на 12-ти декември 2012 и траеше до 15 февруари 2013,

- “Партнер за иновации” има за цел развој на мрежата на иноватори во Македонија, развој на македонското е-општество и подобрување на секојдневието на македонските граѓани

- Категории на конкурсот:

интерактивни медиумски апликации,
апликации и услуги за е-влада и Cloud решенија,
социјални мрежи и мобилност

- На конкурсот се јавија вкупно 78 предлози

- Експертската комисија составена со членови од двете компании направи прелиминарна селекција и селектираше 33 предлози кои продолжија и во втората фаза

- Финалната селекција доведе до избор на пет проекти кои ќе се реализираат со поддршка на Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија, а тоа се:

1. "T-Care" (Виртуелна средина за односи со корисници и промоција од далечина, базирана на вештачка интелигенција), Анис Сефиданоски,

2. “МаркетКонект” (новa македонскa веб платформа која ги проширува можностите за онлајн трговија преку директно поврзување на компаниите со потрошувачите на повеќе пазари во регионот) Р3 Инфомедиа ДОО, Скопје

3. "Smart Wine" (Интегрирано целосно M2M cloud решение за интелигентно следење на земјоделските параметри со користење на безжична сензорска мрежа) - Институт за телекомуникации Факултет за електротехника и информациски технологии Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје

4. “CollaboDox” (Систем за соработка со “Microsoft Word” документи помеѓу различни платформи) - CREATIONPAL ДОО, Скопје

5. "Cloud Message" (Систем за Augmented Reality базиран на мобилна телефонија за споделување на пораки и рекламирање). Intelligent Network Solutions, ДОО, Скопје

- За реализација на петте најдобри проекти Македонски Телеком и Т-Мобиле ќе инвестираат 100.000 евра, а на располагање ќе бидат експертските тимови, како и целокупната инфраструктура и корисничка база на компаниите

- Исто така Дојче Телеком во март 2013 објави конкурс за партнерство за иновации “Телеком предизвик” на ниво на Групација низ целиот свет

- На конкурсот се јавија 444 проекти од 45 земји, а од Македонија се пристигнати 38 предлози, од коишто 4 се влезени во финале.

НАЈНОВО ОД МАКЕДОНИЈА  
ПОЛИТИКА
Левица: Повеќекратното одложување на процесот е за да се продолжи притворот на Савевски и Куновски
Повеќекратното одложување на случајот е намерно сторено за да се продолжи притворот, изјавија во петокот од Левица.
27.05.2016, 20:16


МАКЕДОНИЈА
Шарената револуција порача: “Селективната правда е неправда”
И денес во 18 часот пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство почнаа да се собираат граѓаните од граѓанската организација „Протестирам“.
27.05.2016, 19:27


ПОЛИТИКА
ВМРО-ДПМНЕ задоволни од одлуката на Претседателот за повлекување на аболициите
Владејачката ВМРО ДПМНЕ ја поздрави одлуката на Претседателот Ѓорге Иванов да ја искористи можноста предвидена во Законот за изменување и дополнување на Законот за помилување.
27.05.2016, 17:52


ПОЛИТИКА
СДСМ: Само целосно поништување на аболицијата е решение
Според опозициската СДСМ, денешната одлука на "лицето Ѓорге Иванов е уште едно, ново кршење на Уставот на Република Македонија", што дополнително ја продлабочува и онака длабоката политичка криза во земјава.
27.05.2016, 16:56


НАДВОРЕШНА ПОЛИТИКА
Македонија и Италија потпишаа Договор за размена и заемна заштита на класифицирани информации
Министерот за надворешни работи Никола Попоски и амбасадорот на Италија, Ернесто Масимино Белели, во петокот потпишаа Договор за размена и заемна заштита на класифицирани информации помеѓу Македонија и Италија.
27.05.2016, 16:25

НАЈЧИТАНИ 24чaса | 7дена | 30дена

Путин пристигна во Атина: Рускиот манастир на Света Гора е претворен во тврдина, градот е под опсада
Претседателот на Русија Владимир Путин прво ќе се сретне со претседателот Прокопис Павлопулос, а пот...
КОПЕНХАГЕН
Данката која заминала во Сирија: "Џихадистите се лесни мети, не е тешко да ги убиеш"
БРАЗИЛ
Страшно злосторство: Видео снимка од групно силување го шокираше Бразил
РИЈАД
Само во Ријад: Го застрелал докторот кој му ја породил сопругата - бидејќи ја видел гола
АРИЗОНА
Молел да не го убијат: Објавена снимка од акцијата пред убиството на невооружен човек

ВИДЕО ВЕСТИ

Путин пристигна во Атина: Рускиот манастир на Света Гора е претворен во тврдина, градот е под опсада
Претседателот на Русија Владимир Путин прво ќе се сретне со претседателот Прокопис Павлопулос, а потоа и со премиерот Алексис Ципрас.
ОРЕГОН
Поплава убила човек во Вашингтон Каунти, по две лица сè уште се трага
ПЈОНГЈАНГ
Симбол на пропаста: Севернокорејски хотел од 750 милиони долари, 30 години стои празен!
ПОЛИТИКА
Иванов ги поништи аболициите само на политичарите

ФОТО  
Здраво Робот: Историска средба на Ангела Меркел со вештачка интелегенција

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ
САУДИСКА АРАБИЈА
Каков Путин, каков Обама: Од саботата тој е еден од најмоќните луѓе во светот!
ТУРЦИЈА
Ердоган предупредува: Русите го окупираа Црното море, Македонија мора да се приклучи на НАТО
ТУРЦИЈА
Погледнете го драматичниот момент кога курдските бунтовници соборуваат турски хеликоптер
БЕЛГРАД
Македонецот Сашко убил провалник кој му упаднал дома: Новиот закон во Србија би можел да го спаси од робија
 

Вести
Mакедонија
Регион
Свет
Анализи

Спорт
Фудбал

Кошарка
Ракомет
Мотоспорт
Други спортови

Живот
Здравје
Модаи убавина
Љубов и секс
Патување
Kулинарство

Шоу Бизнис
Филм
Mузика
Селебрити
МК Сцена

Наука
Технологија
Автомобили
Забава
Еротика

Најнови
Најпопуларни
Фото
Видео
Интервју

 
Designed by
  Copyright © Точка Медиа 2005-2016 Контакт    Маркетинг   Импресум    
 
Вашето име:
Вашиот email:
Има на пријател:
Email на пријател:
Коментар: