АРХИВА : CHAT : КИНО И ТЕАТАР    
Скопје
10
ВЕСТИСПОРТЖИВОТШОУ БИЗНИСПЛАНЕТААВТОМОБИЛИЗАБАВАЕРОТИКАФОТОВИДЕОИНТЕРВЈУ
НАСЛОВНАСИТЕ ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОНСВЕТAНАЛИЗИ
И официјално почна битката за гласови
04.03.2013 | 09:28
Извор: Нетпрес
Прочитано: 463 пати
Испрати на пријател
Зголеми го фонтот
Намали го фонтот

Изборната кампања за локални избори закажани за 24-ти март и официјално почна од денеска на полноќ, а ќе трае до 22-ри март на полноќ.

На претстојните избори граѓаните ќе избираат градоначалници и совети во 80 општини и Градот Скопје.

Во саботата откако беше постигнат политичкиот договор и прекинувањето на бојкотот од опозицијата, Собранието го продолжи рокот за доставување кандидатски листи за советници и градоначалници до 8 март на полноќ.

Колкава ќе биде вкупната бројка на учесници на овие локални избори се очекува да се знае откако ќе заврши овој рок, кој вторпат се продолжува.

Се очекува ДИК повторно да направи измени на роковникот, а исто така по потврдувањето на листите треба да се изврши жребување меѓу новопријавените кандидати. Според најавите од ДИК по првото продолжување на рокот кој беше до третти март на полноќ, редните броеви на кандидатите кои доставија листи во законски предвидениот термин односно до 16-ти февруари остануваат исти, а единствената листа на кандидати ќе биде дополнета само со новопријавените кандидати.

Кандидатурите, според законот, треба да ги разгледа и Комисијата за верификација на фактите која треба да изврши проверка дали кандидатите за советници или градоначалници соработувале со тајните служби.

Имајќи предвид дека изборната кампања почнува денеска партиите веќе ги имаат закажано првите митинзи. Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ вечер ќе одржи митинг во Охрид, додека најголемата опозициска партија СДСМ во Струмица. Партиски активности и конвенции имаат најавено и другите учесници на изборите.

Во избирачкиот список за гласање на локалните избори се запишани вкупно 1.743.403 избирачи.

За Советот на Град Скопје и за градоначалник на Град Скопје своето право на глас можат да го искористат 443.770 избирачи на 536 избирачки места.

Од вкупно запишаните избирачи, своето право на глас во казнено-поправните домови ќе го остварат 1.446 избирачи, а надвор од местото на живеење 136 избирачи со статус на внатрешно раселени лица.

Избирачот кој не е во можност да гласа на гласачкото место, односно немоќно или болно лице кое сака да го искористи правото на глас за тоа треба да ја извести ОИК најдоцна три дена пред денот определен за гласање, односно до 20-ти март. Истиот рок се однесува и на избирачите кои на денот на гласањето се наоѓаат на издржување мерка куќен притвор. Болните и немоќните лица, лицата кои издржуваат казна затвор или се во притвор, лицата кои се наоѓаат на издржување мерка куќен притвор и внатрешно раселените лица гласаат еден ден пред изборите, односно од седум до 19 часот на 23-ти март.

ДИК изборниот материјал го предава на општинските изборни комисии во рок од 72 часа пред денот определен за одржување на изборите, односно најдоцна до полноќ на 20-ти март. ОИК, пак, е должна еден ден пред изборите да го предаде изборниот материјал на избирачките одбори, односно најдоцна до полноќ на 23-ти март. Најдоцна 10 дена пред денот на гласањето, односно до полноќ на 13 март организациите и лицата кои сакаат да ги набљудуваат изборите доставуваат барање до ДИК.

Резултати од испитувањата на јавното мислење поврзани со учесниците во изборниот процес се објавуваат најдоцна пет дена пред денот определен за одржување на изборите, односно до полноќ на 18-ти март.

Организаторот на изборната кампања е должен 11-иот ден од денот на изборната кампања да поднесе финансиски извештај за приходите и расходите на жиро-сметката за изборна кампања од денот на нејзиното отворање до крајот на 10-иот ден на изборната кампања. Финансиски извештај организаторот на кампањата е должен да поднесе и еден ден по завршувањето на кампањата и тоа на образец пропишан од министерот за финансии до ДИК, Државниот завод за ревизија и до Државната комисија за спречување корупција, кои се должни да ги објават на своите веб-страници.

НАЈНОВО ОД МАКЕДОНИЈА  
ЕКОНОМИЈА
БДП во 2013 година изнесуваше 499.559 милиони денари
Бруто домашниот производ во минатата година изнесува 499.559 милиони денари и во однос на 2012 година бележи номинално зголемување за 7 проценти, а реалната стапка на раст на БДП е 2,7, објави Државниот завод за статистика.
30.09.2014, 16:39


СКОПЈЕ
Се бара изведувач за барокната фасада на "Сити галери"
Поради недоследности во техничкаа документација, Градот не го потпиша договорот за изведба на новата барокна фасада на објектот "Сити галери" на плоштадот "Македонија".
30.09.2014, 16:15


СКОПЈЕ
Конститутивна седница на Советот за безбедност
Денеска, 30.09.2014 година – вторник, во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија се одржа конститутивна седница на Советот за безбедност на Република Македонија.
30.09.2014, 16:14


СКОПЈЕ
Се собираат средства за ботаничка градина за домот "11 Октомври"
Годинешниот патронен празник на Домот за деца без родителска грижа "11 Октомври" ќе биде навистина посебен.
30.09.2014, 16:12


СКОПЈЕ
Петта конференција на Мрежата на сектори/одделенија за управување со човечки ресурси
Во организација на Министерството за информатичко општество и администрација, денеска се одржува Петтата конференција на Мрежата на сектори/одделенија за управување со човечки ресурси на тема "Функционална анализа".
30.09.2014, 15:25

НАЈЧИТАНИ 24чaса | 7дена | 30дена

Го тепале 10 минути во ходник: Српската влада има нова снимка од претепувањето на братот на премиерот?
"Блиц" минатата ноќ објавиле дека постои уште една снимка од претепувањето на Андреј Вучиќ, Предраг ...
БЕЛГРАД
Вучиќ: Мојот брат го тепале додека во рака ја држел личната карта!
АЛБАНИЈА
Албанија не дозволува раѓање на женски бебиња!
ХАРКОВ
Хорор во Харков: На оградата од црквата Христово Раѓање обесено момче!
ИТАЛИЈА
Нов начин на справување со мафијашите: Од сега им ги одземаат - синовите!

ВИДЕО ВЕСТИ

Хорор во Харков: На оградата од црквата Христово Раѓање обесено момче!
Момчето било мртво кога било пронајдено, а се проценува дека имало околу 25 години.
РАКА
Дознајте како изгледа образованието под палката на Исламската држава
РУСИЈА
Луд Русин: Со 160 на час се удрил со моторот во автомобил! (вознемирувачко видео)
САРАЕВО
Поопасна од Билал Босниќ: Жената на лидерот на вахабистите ги гаѓала со камења новинарите!

ФОТО  
Фантастични фотографии од ерупцијата на вулканот Бардарбунга на Исланд!

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ
МАКЕДОНИЈА
Страшно: Еве што се случувало на работата на брод: Макроа ви ги водат децата во проституција
ВАШИНГТОН
ЦИА открила што прашал Буш неколку минути пред нападот на Кулите Близначки
ЊУ ДЕЛХИ
Страшна смрт: Камери го фатиле моментот кога тигар убива маж
ЈУГОСЛАВИЈА
Ѕирнете во тајниот свет на југословенските крадци на дијаманти!
 

Вести
Mакедонија
Регион
Свет
Анализи

Спорт
Фудбал

Кошарка
Ракомет
Мотоспорт
Други спортови

Живот
Здравје
Модаи убавина
Љубов и секс
Патување
Kулинарство

Шоу Бизнис
Филм
Mузика
Селебрити
МК Сцена

Наука
Технологија
Автомобили
Забава
Еротика

Најнови
Најпопуларни
Фото
Видео
Интервју

 
Designed by
  Copyright © Точка Медиа 2005-2014 Контакт    Маркетинг   Импресум    
 
Вашето име:
Вашиот email:
Има на пријател:
Email на пријател:
Коментар: