АРХИВА : CHAT : КИНО И ТЕАТАР    
Скопје
19
ВЕСТИСПОРТЖИВОТШОУ БИЗНИСПЛАНЕТААВТОМОБИЛИЗАБАВАЕРОТИКАФОТОВИДЕОИНТЕРВЈУ
НАСЛОВНАСИТЕ ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОНСВЕТAНАЛИЗИ
Ноќта која што ја потресе Русија: Кој, како и зошто го уби рускиот амбасадор во Анкара?
20.12.2016 | 09:31
Извор: Точка
Прочитано: 14103 пати
Испрати на пријател
Зголеми го фонтот
Намали го фонтот

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган синоќа му се јавил на својот колега Владимир Путин за да го информира за вчерашниот напад во Анкара во кој што беше убиен рускиот амбасадор во Турција, Андреј Карлов.

За сериозноста на ситуацијата доволно говори и фактот што турскиот шеф на дипломатијата, само неколку часа после убиството на Карлов веднаш отпатувал за Москва, а се огласија и од Белата куќа од каде што велат дека убиството на рускиот амбасадор е „неприфаливо“.


Руското министерство за надворешни работи соопшти дека убиството на амбасадорот е терористички акт. Портпаролката на Министерството Марија Захарова изјави дека „убијците ќе бидат казнети“, а „тероризмот нема да се извлече“, и нагласи дека за сето ова ќе биде и отворен случај во Советот за безбедност при Обединетите нации.

Турското Министерство за надворешни работи исто така го осуди убиството на рускиот амбасадор исто така истакнувајќи дека станува збор за „терористички акт“ и порачаа дека убиецот бил неутрализиран. Од турското Министерство нагласија дека овој инцидент нема да ги влоши турско-руските односи.


Истото, дека атентатот над Карлов нема да влијае на турско-руските односи го изјави и претседателот на безбедносниот комитет на Државната руска Дума, Леонид Слуцки кој изјави: „Секако, ќе има соопштение до Советот за безбедност на Обединетите нации каде што ќе го изразиме нашето гледиште, но важно е дека нема да има ново заладување на односите помеѓу Москва и Анкара, како што тоа би го сакале нашите стратешки ривали во Анкара и на Западот“.

Зад нападот на Андреј Карлов можат да стојат истите луѓе кои што минатата година го срушија рускиот борбен авион „Су-24“ во близина на турско-сириската граница, а ова го порача градоначалникот на Анкара, Мелик Гекчек. Тој смета дека напаѓачот имал цел да ги влоши турско-руските односи.

Турските медиуми во текот на ноќта убиецот го идентификуваа како Мевлут Мерт Алтинаш, поранешен припадник на турската полиција кој бил отпуштен од служба поради истрага против него дека наводно учествувал во обидот за државен удар во Турција на 15-ти јули оваа година. Како што пренесуваат медиумите, убиецот додека пукал кон Карлов извикувал „Господ е голем“ и “Не го заборавајте Алепо“.


Алтинаша веднаш после атентатот бил убиен од полицајците, а според последните информации тој влегол во просторијата кај што бил рускиот амбасадор откако ја покажал својата полициска значка, за која што постои сомнение дека била лажна.

Елегантно облечен, сериозен и со полициска значка во џебот, тој воопшто не го привлекол вниманието на службите за безбедност, па можел да се доближи до Карлов кој што требало да ја отвори фотоизложбата „Русија во очите на Турците“. Алтинаша бил роден во 1994-та година, а турската полиција вечерта ги привела неговата мајка и сестра.


Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров се огласи преку Инстаграм, истакнувајќи дека станува збор за кукавичко убиство и побара казнување на сите кои што се поврзани со убиството на рускиот амбасадор: „Уште еднаш убедливо се покажува дека против тероризмот мора да се бори целиот свет, сите земји и сите специјални служби. Инаку чумата ќе се прошири насекаде низ светот. Единствениот лек е целосно искоренување на тероризмот“.

Претседателот на комисијата на Советот на Федерацијата за информациона политика на Русија, Алексеј Пушков изјави дека атентатот на амбасадорот Карлов е поврзан со целата „хистерија околу Алепо“. Убиството на рускиот амбасадор според него е последица на политичката и медиумската хистерија на противниците проти Русија околу Алепо.

Меѓу првите кои што се огласија беше и британскиот министер за надворешни работи, Борис Џонсон кој изјави дека е шокиран и го осуди „кукавичкото убиство“ на рускиот дипломат. Државниот секретар на САД, Џон Кери изјави дека е подготвен да им пружи помош на Русија и Турција во истрагата за убиството на амбасадорот Карлов, а генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг исто така се огласи и го осуди убиството на амбасадорот.


Повеќе детали околу убиството, како и реакцијата на официјална Москва и Анкара ќе следуваат во текот на денешниот ден. Од тоа што можеше да се заклучи од првите реакции на руската и турската страна, за разлика од соборувањето на рускиот авион над сириско-турската граница, овој пат се чини дека нема така лесно да се нарушат односите помеѓу двете земји.

Таму каде што руските бомби или реторика најжестоко ќе удрат деновиве, таму веројатно се наоѓаат организаторите на овој атентат. Путин уште синоќа го предложил Карлов за постхумно добивање на државна награда. Според зборовите на неговиот портпарол Димитриј Песков, Путин рекол дека „станув збор за подло убиство“, а за амбасадорот Карлов рекол дека бил „интелигентен и добар човек“.

Рускиот претседател рекол само дека Москва сега мора да дознае кој стои зад атентатот на амбасадорот Карлов.


„Рускиот истражен комитет веќе започна истрага за атентатот. Наредено е формирање на работна група која што ќе отпатува во Анкара и заедно со турските партнери ќе го истражи ова злосторство“, изјавил Путин од Кремљ, а според неговите зборови, тој договор бил постигнат откако телефонски разговарал со турскиот претседател Ердоган.

„Мораме да дознаеме кој стои зад тој атентат“, изјави Владимир Путин, кој побарал од турските власти гаранции за безбедноста на руските дипломати во Турција и им наложил на сите амбасади да го зголемат степенот на безбедност. Според Путин, убиството на Карлов имало цел да ги наруши односите помеѓу Русија и Турција и да ги поремети разговорите за иднината на Сирија.

НАЈНОВО ОД АНАЛИЗИ  
САД
Дали нешто не е во ред со оваа фотографија од Белата куќа?
Демократите, групите на жени и либералците ја нападнаа фотографијата која во четвртокот ја сподели потпретседателот Мајк Пенс од состанокот на кој тој присуствуваше заедно со претседателот Доналд Трамп и членовите од House Freedom Caucus
24.03.2017, 11:29


АНАЛИЗА
American Thinker: Русија за Западот е земја-мистерија, но за народот чудо Божјо
Русија е земја во која туристот лесно може да влезе на московските аеродроми, бидејќи постојат забрзани процедури. Тоа на патниците им овозможува без одложување да се упатат кон центарот на градот и хотелите, а за тоа да не минат повеќе од еден час во такси.
23.03.2017, 11:54


АНАЛИЗА
Билт: Пред 100 години Принцип започнал војна во Сараево, а сега Балканот може да експлодира во Скопје
Некогашниот висок претставник на ЕУ во БиХ, Карл Билт, смета дека европските лидери имаат јасен избор за Балканот: или ќе се занимаваат со тамошните проблеми, или ќе чекаат балканските проблеми да почнат да се занимаваат со нив.
22.03.2017, 12:41


АНАЛИЗА
Се менуваат правилата на игра помеѓу Израел и Сирија: Опасен развој на ситуацијата кој што може да биде кобен за Асад
Разменувањето на проектили помеѓу Израел и Сирија кое што се случило минатиот петок, ги одразува обидите на режимот на Асад да ги промени „неслужбените“ правила на игра во таа војна.
21.03.2017, 20:00


ШВАЈЦАРИЈА
Колку заработуваат жителите на Швајцарија? Објавени платите на фризери, столари, наставници...
Кантонот на Цирих неодамна објави водич за плата од кој може да се види колку се заработува за одредени професии во Швајцарија.
20.03.2017, 16:51

НАЈЧИТАНИ 24чaса | 7дена | 30дена

Сите ја знаеле Јованка, но... Ова е единствената жена која му го скршила срцето на Тито
Ова е приказната за Јосип Броз Тито и неговиот пропаднат брак со Русинката Пелагија Белоусова.
УНГАРИЈА
Интервју кое ќе го шокира Стариот континент: Поранешен шпион открил колку е всушност сериозна руската закана во Европа
СИРИЈА
Американски падобранци се спуштија зад непријателските линии: Се подготвуваат за почетокот на најкрвавата битка досега
ЛОНДОН
Се појави видео од дивеењето на терористот на мост: Жената се спасила со бизарен скок во Темза!
АНГЛИЈА
Исповед на сосетка на терористот од Лондон: „Беа тивко семејство, а потоа одеднаш исчезнаа“

ВИДЕО ВЕСТИ

Грозоморно видео од масакрот во Лондон: Луѓе останале под тркалата на автомобилот на терористот!
Се појави уште едно застрашувачко видео од терористичкиот напад во Лондон, моментот кога Халид Масуд излетал на тротоар и удрил со автомобилот "Хјундаи" во портите на Вестминистер палатата.
СРБИЈА
Србија одбележува 18 години од бомбардирањето на НАТО
МАДРИД
Па каде беше за Божиќ: Додека Македонија бележи високи температури во март, Шпанците ги изненадил снег!
ЛОНДОН
Снимка од евакуацијата на Тереза Меј за време на терористичкиот напад: Премиерката однесена во автомобил и пренесена на безбедно

ФОТО  
Оскаровската афтер-парти на Vanity Fair 2017 резултираше со портрети на славните од Mark Seliger

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ
ЕВРОПА
Мистериозни бродови пристигнуваат во Европа: Никој не знае кој ги испраќа, што носат, а радарите не ги регистрираат!
КОСОВО
Полицијата сопрела такси, а кога го отвориле багажникот се шокирале: Вакво нешто не сме виделе со децении
ЗАПАДЕН БАЛКАН
Сериозно предупредување: Русија е сè посилна на Балканот, можен е вооружен судир...
БАЛКАН
"Russia Today": Американскиот план за Македонија: "Држете ја Србија мирна, а Русија далеку!"
 

Вести
Mакедонија
Регион
Свет
Анализи

Спорт
Фудбал

Кошарка
Ракомет
Мотоспорт
Други спортови

Живот
Здравје
Модаи убавина
Љубов и секс
Патување
Kулинарство

Шоу Бизнис
Филм
Mузика
Селебрити
МК Сцена

Наука
Технологија
Автомобили
Забава
Еротика

Најнови
Најпопуларни
Фото
Видео
Интервју

 
Designed by
  Copyright © Точка Медиа 2005-2017 Контакт    Маркетинг   Импресум    
 
Вашето име:
Вашиот email:
Има на пријател:
Email на пријател:
Коментар: