Грчката полиција трага по три лица кои вчера околу 14 часот испукале неколку истрели и убиле маж (41), кој веќе им бил познат на органите на прогонот.
Според грчките медиуми, ликвидиран е Грузиец, кој претходно бил поврзан со криминални кланови.
Во него било пукано од возило во движење на улица во Солун, во близина на детско игралиште.
Медиумите јавуваат дека за нападот се осомничени жена и двајца мажи, кои од црвено рено без регистарски таблички испукале најмалку три куршуми кон жртвата.
Во м...