Првата дама на Украина, Олена Зеленска, вчера пристигна во Белград, во прва посета на висок украински функционер на Србија од почетокот на руската инвазија во 2022 година, што може да се протолкува и како сигнал за оддалечување на Србија од Москва како нејзин традиционален сојузник.
Заедно со сопругата на српскиот претседател Александар Вучиќ, Тамара Вучиќ и украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба, кој исто така е во прва посета на Белград, Зеленска го обиколи градот и средновеков...