Јужен Судан, Либија и Авганистан се најопасните земји во светот за посета во 2024 година, покажуваат резултатите од истражувањето на компанијата „International SOS“.
Компанијата објави интерактивна мапа која покажува каде патниците најверојатно ќе се соочат со безбедносни закани врз основа на ризикот од политичко насилство, социјални немири, насилен и ситен криминал и, оваа година, влијанието на климатските промени.Меѓу најбезбедните места за посета се Гренланд, Финска, Норвешка, Исланд и Луксемб...