Лидерот на СДСМ, на прес-конференција го призна поразот и им ја честиташе победата на ВМРО-ДПМНЕ и на Гордана Силјановска-Давкова.
Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен голем удар, вели Ковачевски и додава дека и тој и сите партиски функционери имаат одговорност.„СДСМ повторно покажа државотворност и одговорност по стоти пат. Најлесно беше по толку лажни обвинувања и напади на ВМРО-ДПМНЕ да не го мобилизираме нашето членство за гласање на претседателските избори. Не паднавме во...