Маестрален гол на херојот на Милан

Левото крило на Милан, само пет дена откако ги однесе „росонерите“ во полуфиналето на Лигата на шампионите над фаворизираниот Наполи, со феноменална игра го повтори одличниот настап против Лече. Додека против Наполи брилијантно асистираше за двата гола на два натпревари, сега феноменално ги заби двата гола.