Пендаровски не го дава кабинетскиот шарпланинец: За Роки преговори не водиме

Претседателот Стево Пендаровски рече дека не е точно дека ѝ подарил куче на унгарската претседателка. Рече дека само ѝ го покажал кучето да го види, како редок вид на раса, специфична за ова поднебје. „Со ЕУ може да водиме преговори. Преговори да го дадеме Роки – не” рече Пендаровски на заедничката прес-конференција со претседателката на Унгарија.