Како политичкиот криминал му пресуди на последниот младински капитал

Со буџет од само 4 милиони денари во 2023 година, кој и да (о)стане директор на Младинскиот културен центар ќе има сериозен предизвик да го одржи во живот единственото место каде младите имаат свој простор, а уште помалку да го унапреди. По четири години од последниот јавен конкурс за избор на директор, МКЦ повторно е мета на политичка трговија со влијание. Децениското кроење на закони и правилници му овозможи на политичкиот естаблишмент да ги партизира јавните институции.