„Нѝ дадоа супервештачење од 60 страници кое нема ништо да промени“, реагира таткото на загинатиот кошаркар во несреќата кај Ласкарци

Супервештачењето за несреќата кај Ласкарци, кое го изработуваше Бирото за судски вештачења, а се чекаше цела година, е изработено на 50-60 страници од кои повеќето се фотографии. Ова го посведочи Благојче Трпески, родител на Јовица Трпевски, настрадан во автобуската несреќа.