Кафематите не ги препознаваат новите монети со додавката „северна“, пристигна одговор од НБРМ

Автоматите за кафе и автоматите за плаќање на самоуслужните сервиси за миење автомобили не ги прифаќаат новите монети на кои е испишана додавката „северна“. Без разлика дали се работи за монета од 5, 2 или 1 денар, автоматите што нудат каква било услуга не ги прифаќаат монетите и ги исфрлаат како неупотребливи.