Том Хенкс во екранизација на светскиот бестселер: Двократниот Оскаровец повторно во филм со животна приказна

Неодамна објавениот трејлер за филмот „A Man Called Otto“ нѝ го открива секојдневието на Ото Хендерсон (Том Хенкс), вдовец и намќорест човек кој будно внимава на редот и дисциплината во своето маало. Сето тоа повеќе личи на константно критикување и осудување на огорчените соседи, меѓутоа неговата рутина ќе се преврти наопаку кога во соседството ќе се досели темпераментно младо семејство. Ото набрзо ќе открие што сè се случува кога ќе го прифатите животот онаков каков што е...