„Netflix“ претстави уникатен проект: Епизодите на новата серија можат да се гледаат по било кој редослед

Новата серија на „Netflix“, „Kaleidoscope“ (претходно наречена „Jigsaw“), носи ново искуство за гледачите бидејќи нејзините епизоди ќе можат да се гледаат по било кој редослед. Серијата за грабеж на банка која на „Netflix“ ќе биде достапна првиот ден од 2023 година нуди нелинеарна структура на епизоди, што значи дека секој може да го одбере редоследот на нивното гледање.