Лажна пита со пилешко месо и топено сирење: Сочна е, се подготвува за помалку од 20 минути, а рецептот е многу лесен

Ако сте љубители на пита или шпански омлет, тогаш овој рецепт дефинитивно ќе ви се допадне. Тој е помеѓу овие две јадења, а не наликува на типична пита бидејќи не содржи кори, ниту тесто. А не е ни типичен шпански омлет, но затоа е превкусно јадење кое може да се нарече „лажна пита“. Уживајте во овој рецепт кој лесно и брзо се подготвува.