Дончиќ и Ѓоковиќ заедно во „Стожице“, ФИБА на интересен начин ја одбележа средбата

Селекцијата на Словенија славеше над Србија во пријателскиот меч што се одигра во Љубљана, средба на која салата беше исполнета до последно место, а меѓу гледачите беше и српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ. Дончиќ имаше интересна средба со Ѓоковиќ крај теренот, средба која медиумите не ја пропуштија, средба која ја одбележа и Светската кошаркарска федерација (ФИБА) со еден пост на социјалните мрежи.