Бодипејнтот нема живот, ако моделот не го износи како што треба џабе сум цртал: Интервју со Бојан Ковски

Бојан Ковски е сликар кој скоро седум години се занимава со бодипејнтинг. Поради случајна ситуација тој уметничкото платно го заменил со човечко тело. На самиот почеток немал професионални бои за бодипејнтинг, па цртал со акрил. Боја која тешко се вади бидејќи е наменета за платно и хартија. На почетокот кога почнувал со бодипејнтингот било комплицирано да најде модел, бидејќи луѓето не знаеле што работи. Но, кога почнал попрофесонално да се занимава со перформанси и изложби, пронаоѓање на модел било многу полесно. Техниката ја усовршил, и има се повеќе модели кои сакаат да направат бодипејнт...