Јутјубер ја претворил својата ВЦ школка во гејминг компјутер

Јутјуберот „Basically Homeless“ ја остварил својата идеја да ја претвори ВЦ школката во гејминг компјутер. Јутјуберот Ник го исекол казанчето за да овозможи поглед во неговата внатрешност која ја поделил на 2 дела – едниот дел за собирање вода, а другиот за компонентите на гејминг компјутерот. Тој бил успешен во својата намера така што пронашол доволно место за сè, а казанчето го претворил во компјутерско куќиште кое сепак ја задржало својата примарна функција.