Водител низ солзи во емисија се простил од своето угинато куче - видеото расплака многумина

Смртта на домашните миленици може да биде навистина трауматично искуство и да создаде голема празнина во срцето и животот на сопственикот. Често психолозите ја споредуваат со губење на близок член од семејството или пријател. Таа болка неодамна ја доживеал Скот Ван Пелт, новинар и водител во спортската телевизија „ESPN“, а една од своите емисии, „One Big Thing“, му ја посветил на неговиот миленик Отис.