Запознајте го 7-годишниот генијалец Македон Димитровски: Зборува течно англиски, освои злато на натпревар по математика

Македон Димитровски го нарекуваат македонско чудо од дете. Тој е ученик во О.О.У „Лирија“ Тетово во второ одделение, има само 7 години и решава математички задачи за втора година средно образование. Овој мал генијалец освои златен медал по математика, во конкуренција со 4.000 учесници од цел свет, пренесува ТВ Сител.